Летно освежување: Направете си мохито со нане и лубеница

Земете чаша од овој освежителен пијалак и замислете си дека сте на плажа. Сè што ви треба се четири состојки за да го подготвите овој вкусен, освежителен, летен пијалак.

Leten-koktel-shto-vednash-kje-ve-odnese-na-plazza-mohito-so-nane-i-so-lubenica-01.jpg

Овој коктел оригинално потекнува од Куба. Доколку сакате, можете да го избегнете румот и да направите безалкохолен коктел, а секако за оние што сакаат „посилен“ пијалак, може да додадете и алкохол.

Рецептот што ви го приложуваме е за поголема количина од овој коктел, па можете да го поделите со пријателите.

Состојките претходно изладете ги. 

Состојки:

  • ½ лубеница без семки, исечена на парчиња
  • 1 врзоп свежо нане, само ливчиња
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лимета исечена на парчиња
  • 300 ml бел рум
  • искршен мраз

Подготовка:

  • Ставете ги парчињата лубеница во блендер да се испасираат, а потоа процедете ги за да добиете чист сок од лубеница. Цврстите парчиња ги фрламе.
  • Во поголем бокал ги ставаме ливчињата нане, шеќерот и парчињата лимета. Земете дрвена лажица и со задниот дел истолчете ги нането и лиметата, сè додека шеќерот не се стопи во целост.
  • Истурете ги сокот од лубеница и румот, додадете го мразот и промешајте.
  • Сервирате во чаши кои претходно се наполнети со мраз и декорирате со ливчиња од нане.

Leten-koktel-shto-vednash-kje-ve-odnese-na-plazza-mohito-so-nane-i-so-lubenica-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg