Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 трикови за правење најдобро и највкусно кремасто смути

Иако ви се чини дека правењето смути е нешто најлесно во светот, лесно може да направите грешка и да се наполните со непотребни калории.

4-trikovi-za-pravenje-najdobro-i-najvkusno-kremasto-smuti-poveke.jpg

Вистински хранливото смути бара правилен пристап кон подготвувањето. Цело време велиме подготвување, бидејќи е секогаш подобро самите да го направите, наместо да го купувате.

Ова можеби ќе биде разочарување за сите оние кои наутро купуваат смути од специјализирани продавници, бидејќи правењето е потешкиот начин.

Па, како да направите подеднакво вкусно смути, без непотребни додатоци?

1. Блендирајте сами

Смутито од маркет може да содржи конзерванси, а купените од штандовите често имаат вештачки вкусови и сирупи за засладување.

Кога го правите дома, користите само овошје, а додавате контролирана количина засладувачи или шеќер, или пак воопшто не ги додавате. Набавете добар блендер и наполнете ги залихите на овошје и зеленчук и почнете сами.

4-trikovi-za-pravenje-najdobro-i-najvkusno-kremasto-smuti-04.jpg

2. Не заборавајте на зеленчукот

Зеленчукот е важен дел од исхраната и доколку не можете да изедете поголема количина, секогаш е добро да го додадете во смутито. Употребувајте блендер, а не соковник, за да останат и дел од растителните влакна.

Кога се во прашање комбинациите, можете да измешате цвекло со јагоди и други шумски овошја, кељ и ананас, спанаќ и боровинки или морков со портокал и јаболко.

4-trikovi-za-pravenje-najdobro-i-najvkusno-kremasto-smuti-03.jpg

3. Прескокнете ги додатоците

Зелен чај во прав, протеински прашок, витамин Ц во прав, гуарана, полен, звучи како одличен додаток во вашето смути, но нема научен доказ дека ќе ви помогнат во дополнителната енергија или слабеењето.

Овошјето и зеленчукот имаат доволно хранливи материи во себе, па секој додаток може да предизвика превитаминизирање, болки во стомакот и дијареа.

4-trikovi-za-pravenje-najdobro-i-najvkusno-kremasto-smuti-02.jpg

4. Направете ги кремасти на здрав начин

Користете авокадо, банана, јогурт, јаболки или путери од јатки за да можете да го направите смутито густо и кремасто. Мелените семки од чиа и лен исто така ќе го направат погусто.

Во крајна линија, додајте смрзнато овошје, кое исто така ги прави кремасти.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg