Во Ирска - Гинис, во Унгарија - Уникум, во Македонија - Ракија, што да се напиете при прошетка низ Европа?
Некои купуваат сувенири, други имаат пасија да ги разгледаат сите објекти и културни знаменитости за време на посетата на некоја земја, а пак трети да каснат и пивнат нешто локално и сосема автентично за поднебјето.
Доколку сте од третата група и повеќе ви значи да си пивнете нешто добро, отколку некоја сувенир или магнет, еве ги пијалаците кои се задолжителни при посетата на следните европски дестинации:
Ирска: Гинис
Што е тоа: Ирско суво темно пиво
Зошто е одлично: Тоа е најпродаваниот алкохолен пијалак во Ирска (со продажба од преку 2 билиони фунти годишно); прв пат било направено во 1759 година кога Артур Гинис закупил стара пиварница за 9000 фунти (за 45 фунти годишно); официјално пивото всушност има многу темноцрвена боја.
Франција: Шампањско
Што е тоа: Пенливо вино произведено во регионот Шампањ во Франција, направено според многу строги правила за втората ферментација на виното.
Зошто е одлично: Затоа што е првото пенливо вино што било направено случајно и било наречено „ѓаволско вино“.
Шпанија: Сангрија
Што е тоа: Сечкано овошје, црвено вино и бренди
Зошто е одлично: Затоа што името го добило по збор што означува пуштање крв, благодарение на неговата боја.
Холандија: Џеневер
Што е тоа: Ликер направен со дестилирање на варено вино со додаток од бобинки за да се прикрие не баш убавиот вкус.
Зошто е одлично: Слично како шампањското и текилата, ЕУ регулаторите налагаат дека пијалакот може да се нарече Џеневер, само доколку е произведен во Холандија. И да не заборавиме, овој пијалак се пие без да ги користите рацете.
Германија: Кое било рајнхајтсгебот пиво
Што е тоа: Пиво кое што е направено според германскиот закон за чистота на пивото, којшто ја ограничува подготовката на пивото на основните состојки: вода, квасец и јачмен, уште од 1993 година.
Зошто е одлично: Рајнхајтсгебот значи дека во пивото нема да добиете чудни работи како што е овошје или морска храна и исто така значи дека ќе го пиете од стаклена кригла.
Англија: Пимс број 1
Што е тоа: Пијалак базиран на Џин со овошје и зачински вкусови, помешан со сува англиска пенлива лимонада, како и со мента, краставичка и лимон, а понекогаш може и со јаболко или портокал.
Зошто е одлично: Затоа што Џејмс Пим го креирал ова „пиење на куќата“ за неговиот бар во Лондон во 1840 година, а подоцна истото почнал да го флашира и продава. Исто така овој пијалак е поврзан со Вимблдон уште од 1971 година.
Португалија: Порто вино
Што е тоа: Зајакнато вино
Зошто е одлично: Не може да не ви се допаѓа вино зајакнато со бренди и отстоенo во дрвени буриња. Тоа е слично како и обичното вино, само е поблаго и со повеќе алкохол. Исто така одлично е да се пие со десерт.
Австрија: Шнапс
Што е тоа: Дестилирано бренди од овошје
Зошто е одлично: Ова е алкохол којшто потекнува од Австрија уште од 1700 година и се прави од диво овошје, бобинки, па дури и шишарки. Исто така, добро е за да се стоплите во зима.