Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во Ирска - Гинис, во Унгарија - Уникум, во Македонија - Ракија, што да се напиете при прошетка низ Европа?

Италија: Грапа

Што е тоа: Дестилирано комиње

Зошто е одлично: Сепак можете да направите злато од ѓубрето, бидејќи грапата се добива од дестилација на отпадот од процесот при правење вино. 

Грапата, сепак, е одлична после тешко јадење, како помагач на варењето. Исто така, може и да се пие помешана со еспресо.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (6).jpg

Чешка: Абсинт

Што е тоа: Дестилиранi тревки (анасон, морач и пелин)

Зошто е одлично: Ова е популарен пијалак во Чешка уште од 1800 година и го консумирале уметници и останати креативни личности. Мистичноста на пијалакот е во неговите потенцијално психотропни квалитети.

Исто така популарен е заради начинот на којшто се подготвува во баровите, а тој изискува употреба на специјална лажичка, коцка шеќер и „фонтана“ за абсинтот.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (9).jpg

Србија: Шљивовица

Што е тоа: Бренди од сливи

Зошто е одлично: Тоа што сега ја пијат старци од Источна Европа, значи дека наскоро ќе ја пијат сите хипстери низ светот.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (16).jpg

Македонија: Ракија

Што е тоа: Бренди од грозје

Зошто е одлично: Како и грапата, одлично е за разбивање на маснотиите од јаките јадења, а особено добро оди заедно со тешки предјадења.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (3).jpg

Бугарија: Мастика

Што е тоа: Алкохол зачинет со смола од мастик, медитеранско зимзелено дрво

Зошто е одлично: Пијалакот го има и во Македонија, Грција и Романија. Карактеристичен е по тоа што кога ќе се помеша со ладна вода или мраз, мастиката кристализира и добива млечно бела боја.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (11).jpg

Русија: Водка

Што е тоа: Ферментирани зрна од компири

Зошто е одлично: Водката е многу разновидна, може да биде зачинета на стотици различни начини, многу е евтина и најчесто се користи во коктели.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (15).jpg

Унгарија: Уникум

Што е тоа: Одлежан дигестив ликер, направен од преку 40 билки

Зошто е одлично: Помага во проблеми со варењето, болки во стомакот и има уште неколку варијанти на пијалакот во источно европските земји, сите со сличен слаткаст вкус и темно зелена боја.

Sto-da-se-napiete-pri-prosetka-niz-Evropa (17).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg