4 лоши работи кои може да ви се случат ако пиете премногу сок од лимон

Од проблеми со стомакот до оштетување на забите, иако неверојатно и сокот од лимон може да му наштети на вашиот организам.

4-strashni-raboti-koi-moze-da-vi-se-sluchat-ako-piete-premogi-sok-od-limon-01.jpg

Комбинацијата на лимонов сок и вода е навистина здрава. Листата на придобивки е огромна, а меѓу нив се подобрување на варењето, потхранување на организмот и забрзување на процесот на губење на килограмите.

Но, консумирањето на сок од лимон премногу може да ви предизвика и проблеми:

Може да ви ги оштети забите

Лимонот е богат со киселини и тие може да ја оштетат забната обвивка. Пиењето со цевка малку ќе го ублажи овој ефект.

Исто така, ако го засладувате сокот од лимон со шеќер може да дојде до појава на кариес на забите.

4-strashni-raboti-koi-moze-da-vi-se-sluchat-ako-piete-premogi-sok-od-limon-02.jpg

Може да ви го вознемири стомакот

Премногу од сè е лошо, па така и премногу сок од лимон може да влијае негативно на вашиот желудник и да предизвика повраќање и гадење.

4-strashni-raboti-koi-moze-da-vi-se-sluchat-ako-piete-premogi-sok-od-limon-03.jpg

Може да ви ги воспали афтите во устата

Ако пиете сок од лимон додека на устата имате некое воспаление, ситуацијата само ќе се влоши, а процесот на заздравување на афтите ќе се забави.

4-strashni-raboti-koi-moze-da-vi-se-sluchat-ako-piete-premogi-sok-od-limon-06.jpg

Може да ви ја предизвика мигрената

Ако имате мигрена, цитрусните овошја, меѓу кои и лимонот, може да ви ја предизвикаат.

Сепак, некои истражувања имаат пронајдено конкретна врска помеѓу преголемата консумација на лимонов сок и главоболките, додека други го негираат тоа.

4-strashni-raboti-koi-moze-da-vi-se-sluchat-ako-piete-premogi-sok-od-limon-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg