3 зимски коктели кои ќе ве стават во празнично расположение
Не мора да бидете талентиран шанкер за да знаете да ги направите овие 5 коктели. Плус, не мора да дадете цело мало богатство за состојките.
Доволно е да ги соберете блиските пријатели, да организирате празнична забава и да ги покажете своите таленти во облик на некој од следниве коктели:
Топол White Russian
Потребни состојки:
- 2 ½ шолји свежо сварено кафе, топло
- ½ шолја слатка павлака
- ½ шолја ликер со вкус на кафе
- ¼ шолја вотка
- Шлаг пена за декорација
Во длабок сад измешајте го кафето со ликерот, павлаката и вотката. Загревајте додека не ја достигнете посакуваната топлина. Поделете во убави шолји и сервирајте со топка шлаг пена.
Варено вино со клементини
Потребни состојки:
- 500ml apple cider
- 2 излупени клементини
- Стапчиња цимет или цимет во прав по желба
- 200ml рум
Во голем сад загрејте ги сите состојки, освен румот, околу 5 минути. Сервирајте во шолји, а румот додадете го на крај.
Рум со путер
Потребни состојки:
- 450g путер, омекнат
- ¾ шолја кафеав шеќер
- 2 шолји омекнат сладолед од ванила
- 2 лажички цимет во прав
- 2 шолји apple cider
- ½ - 1 шолја рум (по вкус)
Измешајте го путерот со шеќерот со миксер додека не добиете лесна, густа смеса. Измешајте го циметот во потстопениот сладолед, а потоа ставете го во тегла и изладете го во фрижидер да се стегне.
Во чаша ставете една топка сладолед, 2 лажици од смесата со путер, па прелијте со загреан рум и apple cider.
M. Д. | Црнобело