Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 вкусни коктели совршени за топлите летни ноќи

Летото е одличен период за експериментирање, а коктелите се одличен начин за тоа. 

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-2-1-2.jpg

Плус, сите знаеме дека најдобриот пијалак за во лето се разните коктели. Па, затоа за вашата следна забава, научете сами да правите неколку интересни коктели со кои ќе ги восхитите пријателите:

1. Negroni

Овој коктел е многу познат и големи се шансите веќе да сте го пробале. Сѐ што ви е потребно е џин, кампари и сладок вермут, а и парче портокал не е на одмет. А, колку ќе ставите зависи од личниот вкус.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-02.jpg

2. Old Fashioned

Овој коктел е еден од оние пијалоци кои докажуваат дека не мора да биде комплицирано за да биде вкусно. Оригинално, тој се прави со виски, но може и со текила или рум. Покрај алкохол, потребно ви е и мала количина шеќер и некој горчлив безалкохолен пијалак. Сами одлучете што ќе ставите, бидејќи само од вас зависи каков вкус ќе има.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-03.jpg

3. Boulevardier

Во прашање е комбинација од виски, кампари и вермут. Вообичаено ова е женски пијалак, а се прави така што ќе ја наполните чашата со мраз и ќе додадете еднакви количини од трите пијалаци.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-04.jpg

4. The Gold Rush

Дали некогаш сте пробале џин со мед? Ако одговорот е „не“ тогаш препорачуваме задолжително да го направите тоа. Овој коктел е сличен на тоа – се прави од бурбон и мед. Во длабока чаша ставете го алкохолот, додадете ароматичен мед и неколку коцки мраз.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-05.jpg

5. Margarita

Сигурни сме дека барем за него сте чуле. Овој коктел се базира на текила, а ви требаат и свеж лимон и шеќер. Лимонот исцедете го во текилата, а шеќерот ставете го или на врвот од чашата или внатре како дел од пијалакот.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-06.jpg

6. Caipirinha

Пуштете самба музика и заиграјте со овој бразилски пијалак. Сѐ што треба да направите е да изгмечите парче лимон и да го валкате во шеќер, а потоа да го ставите во чаша со рум. Промешајте со мразот и внимателно пијте.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-07.jpg

7. White Russian

Ова е уште еден навистина познат пијалак кој е навистина лесен за подготвување. Бидејќи е руски, секако дека во основата има вотка. За да го направите, измешајте чаша вотка со 2 лажици нес кафе и лажиче млеко или слатка павлака. Резултатот е вкусен коктел кој сигурно ќе ви се допадне.

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-08.jpg

8. Great Gatsby

Уште познат како „цветен коктел“ кој во него содржи цеден грејпфрут и вотка, а количината зависи од личниот вкус. 

8-vkusni-kokteli-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кромид лате“ - Би го пробале ли кафето кое (наводно) ќе биде хит во 2025-та? Еден од коментарите за овој пијалак е: „Не, кромидот нека остане во супата! Сака...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg