Новогодишни пијалаци кои вреди да научите да ги подготвувате

Доколку не сакате да ги повторувате старите алкохолни пијалоции кои одново и одново ги пиете, тогаш ви предлагаме да ја разбудите вашата креативност и да создадете нешто ново за време на празниците кои доаѓаат.

novogodisni-pijalaci-koi-mora-da-gi-probate-01.jpg

Во продолжение листа на креативни, алкохолни коктели за сосема ново и поинакво празнично доживување: 

Коктел: „Божиќно дрвце“ 

bozikno-drvo-koktel-01

Ако сте љубители на одличниот вкус на нане и калинка, тогаш овој коктел е вистински погодок за вас. Неговото подготвување е брзо и лесно, а еве што ќе ви биде потребно:

  • 3ml сок од калинка
  • 2ml џин
  • 1ml обичен сируп (се подготвува така што се става шеќер во зовриена вода и се меша додека шеќерот не се растопи)
  • лимета (доволно е да исцедете две лимети, доколку немате лимета може да употребите лимон со што би добиле помалку кисел, но сосема сличен вкус)
  • неколку листови свежо нане

За декорација употребете зрна од калинка или пак кругови од лимета, овој коктел е одлична декорација за вашата трпеза и неодолив пијалак за вашата душа.


Топло чоколадо со Калуа

toplo-cokolado-kalua-01

Заборавете на топлото чоколадо кое сте го пиеле во некое кафуле, домашно приготвено топло чоколадо може многу лесно да се направи. Сè што ви треба се наоѓа во вашата кујна, а за да сето тоа добие посебен шмек ви препорачуваме мала доза на Kahlúa.

  • 2 чаши млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 1 или половина лажица какао во прав
  • цимет (по желба)
  • калуа (по желба)
  • многу малку морско оревче
  • манчмелоу (за декорација)
  • карамела (за декорација)
  • чоколаден прелив (за декорација) 

Во сад ставете ги млекото, шеќерот, како и правот од какао, циметот и морското оревче на средна температура некаде до 2-3 минути. Откако ќе го извадите ставете калуа по желба. За декорација можете да користите мини манчмелоу, карамела или чоколаден прелив.

Приредете си едно ново искуство со нов вкус кој ќе ви биде омилен оваа зима.

 
Бавно греено бело вино

belo-greano-vino-01

Доколку сакате ново искуство, со веќе добро познат пијалок, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас. 

Потребни состојки:

  • рузмарин (по ваша желба)
  • 1 чаша бел сок од брусница
  • 1 портокал
  • 1 шише бело, суво вино (на пример Пињот)
  • 1 чаша свежа или замрзната брусница (но не сушена)
  • ¼ чаша рум
  • стапчиња цимет, каранфилче и анасон за декорација.

Ставете ги рузмаринот и една половина чаша бел сок од брусница во сад и ставете ги да вријат до три минути. Потоа отстранете го рузмаринот од смесата.

Со помош на нож пополека изгребете ја кората на портокалот, но внимавајте да не ви останат бели влакна (бидејќи без нив е подобро) и додајте ги во смесата.

Потоа додајте ја другата половина на сокот од брусница, шишето со бело вино, свежата или замрзната брусница како и циметот и анасонот.

Оставете го на ниска темература да вари околу еден час и извадете го кога ќе биде топло. Послужете го топло и изненадете ги другите со еден вкусен, празничен, алкохолен пијалак.

Подгответе ги и повикајте ги вашите блиски на заедничка дружба.

Зарем има нешто поубаво од празнична атмосфера со празнични коктели и пријателите на едно место?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg