6 земји во кои кафето се подготвува поинаку од кај нас

Еспресо, капучино, макијато, фрапе... Варијациите на подготвување на добро познатото темно кафеаво зрно се безбројни, а начинот на подготвување прилично необичен и зачудувачки. 

6-neobi-ni-nacini-na-podgotovka-na-kafe-shirum-svetot-1.jpg

Некои народи имаат посебни церемонии на подготовка, а некои едноставно го ставаат во машина и чекаат брзо еспресо.

Кои се најнеобичните начини на подготвување на кафе?


1. Етиопската церемонија на подготовка на кафе

Потеклото на кафето започнува токму во оваа земја, кога еден сточар забележал дека неговите овци преферираат да јадат одреден тип на бобинки, а оваа информација им ја пренел на локалните монаси кои започнале да ги печат овие зрна.

Како се подготвува кафето тука?

1. Се пали миризливо стапче.

2. Се печат зелените зрна кафе, а потоа се мелат со аван и толчник.

3. Зрната се ставаат во сад со вода, кој е познат како jebena и се варат.

4. Откако кафето е готово, на садот се става парче материјал кој ќе послужи како филтер.

5. Се додава шеќер, традиционално три лажички на една шолја кафе.

6-neobi-ni-nacini-na-podgotovka-na-kafe-shirum-svetot-01.jpg


2. Индонезиско кафе

Од друга страна пак, индонезиското кафе kopi tubruk има прилично едноставен процес на подготовка.

1. Полните тавче со вода која ја оставате да врие.

2. Во неа додавате по една лажичка сомелено кафе за секоја шолја кафе помешана заедно со шеќер по желба.

3. Откако водата ќе зоврие мешавината се става во чаша, а кафето се пие по 5 минути, откако малку ќе се лади.

6-neobi-ni-nacini-na-podgotovka-na-kafe-shirum-svetot-2.jpg


3. Скандинавско кафе

Од оваа подготовка се добива силно, но не премногу горко кафе. Благодарение на јајцето се неутрализира горчливиот вкус.

1. Во тавче се врие вода.

2. Во друго тавче се додава по една лажичка кафе за секоја шолја вода.

3. Во кафето се крши јајце и се додава во смесата заедно со лушпите, се меша добро додека не се добие компактна смеса.

4. Откако водата започнала да врие се додава смесата, а потоа се трга на страна тавчето и се додава ладна вода која прави кафето и јајцето да потонат надоле.

6-neobi-ni-nacini-na-podgotovka-na-kafe-shirum-svetot-3.jpg

6-neobi-ni-nacini-na-podgotovka-na-kafe-shirum-svetot-4.jpg

Уште 3 начини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg