6 земји во кои кафето се подготвува поинаку од кај нас
4. Малезиско кафе
Малезиското кафе се подготвува во чорапа – издолжено парче материјал кој служи како филтер. Кафето се пече со шеќер и путер, за да добие карамелизиран вкус.
1. Во поголемо тавче се става филтерот кој е полн со зрна кафе и се става зовриена вода.
2. Филтерот треба да отстои околу 5 минути, а потоа се вади филтерот и се додава шеќер и млеко по желба.
Кафето на сличен начин се подготвува во Сингапур и Хонк Конг.
5. Бразилско Cafezinho
Бразилците не пијат кафе, туку мали шолји преблаго кафе, а начинот на кој се подготвува е сличен како малезискиот – се употребува филтер.
1. Во тавче ставете вода и шеќер, за една шолја по 2 лажички шеќер.
2. Ја варите мешавината и мешате добро.
3. Откако водата ќе зоврие додавате лажички кафе, а потоа ја цедите смесата со филтерот.
6. Кафе од Јужна Индија
Додека за поголемиот дел од Индија познато е дека се пие чај, во Јужна Индија се подготвува kapi за кое некои туристи тврдат дека е едно од најубавите кафиња во светот. Тајната е во трпението и добрите алатки.
Тука кафето се прави во две метални комори – во горната се става кафето и водата, а во долниот излегува готово кафе.
1. Се додаваат 4 лажички кафе во прав во горниот дел и се зачинуваат со цикорија.
2. Се додава зовриена вода и се затвора горниот дел со затворач.
3. Кафето полека се симнува во долниот дел. Овој процес може да трае и 1 час.
4. Се зоврива млеко – мерено 2 третини од чашата каде ќе се стави кафето, да бидат наполнети со млеко.
5. Полека се додава кафето заедно со шеќер.