Што е кефир?

Кефирот е густ, течен, млечен пијалак кој настанува со мешање на кравјо, овчо или козјо млеко и кефирна габа која останува во млекото околу 2 дена. Притоа доаѓа до ферментација на млекото.

sto-e-kefir-1.jpg

Во процесот на ферментација настануваат различни ароматски супстанци, а кефирот е богат и со витамин Б и Е. Ваквиот кремаст пијалак има киселкаст вкус.

Кефир габата може да порасне и колку еден орев, има гумена надворешност и се состои од протеини, масти и полисахариди кои произведуваат различни бактерии.

Оваа габа се размножува брзо, а нејзината маса може двојно да се зголеми за само 14 дена.

За оние кои се на веганска прехрана исто така кефирот може да се корсти како пијалак, но само оној кој се прави од вода, а не од млеко. Во тој случај, кога кефирските габи се додаваат во водата, се става и малку кафеав шеќер и излупен лимон.

Состав на млечниот кефир:

  • Микроорганизми – млечни бактерии и квасец
  • Состојки кои настануваат при ферментација – карбонска киселина и етил алкохол
  • Хранливи состојки – протеини и полисахариди
  • Витамини – А, Б1, Б2, Б6, Б12, Д
  • Минерали – калциум, железо, јод
  • Вода

Зошто се користи кефирот?

1. За да се обнови внатрешниот екосистем на телото по користење на антибиотици

2. Го регулира крвниот притисок

3. Ги ублажува воспаленијата во организмот

4. Позитивни влијае на имунитетот

5. Помага при циркулација

6. Ги лечи болестите на срцето и го разградува холестеролот

7. Ги лечи заболените бубрези и бубрежни патишта

8. Ја регулира млитавоста и заморот предизвикан од стрес

9. Сојузник е во борбата против Кандидата

10. Труењето од храна исто така може успешно да се лекува со кефир

sto-e-kefir-2.jpg

Која е разликата помеѓу кефирот и јогуртот?

  • Кефирот содржи важни бактерии кои ги нема во јогуртот
  • Кефирот содржи квасци кои го прават телото поотпорно на Ешерихија коли и цревни паразити
  • Активните квасци во кефирот двојно подобро влијаат врз системот за варење на храната, за разлика од јогуртот
  • Кефирот содржи многу повеќе калциум и магнезиум кои во јогуртот се минимални
  • Кефирот е богат со фосфор кој го нема во јогуртот
  • Трипофан, супстанца која ја има само во кефирот, има својство да го опушти нервниот систем

Кефирот е одличен за здраво слабеење, па ако се борите со вишок килограми, испробајте ја оваа диета.

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg