Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Диета со кефир

Кефир диетата е една од најпопуларните диети за брзо слабеење. Која е тајната на нејзината популарност? Пред сè причината е кефирот: еден од најкорисните млечни производи кои се користат како превентива, а и како терапија.

dieta-so-kefir

Вистинскиот, домашниот кефир има смирувачки ефект за циркулацијата и за нервниот систем. Тој е богат со витамини и минерали, помага да се воспостави работата на цревата, го лечи телото и ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата на косата и ноктите. Покрај тоа, исхраната заснована на користење на кефир помага лесно да се изгуби вишокот на килограми.

Уште една посебна предност на кефирот е ниската содржина на јаглени хидрати. Повеќето стручњаци се сложуваат дека најчестата причина за вишокот тежина се претераното внесување на јаглени хидрати. Значи ако јадеме кефир ќе го решиме и овој проблем.

Кефир диета
Постојат многу варијанти на кефир диета. Сите се базираат на секојдневното внесување на кефир, но се разликуваат во бројот на дополнителни намирници и времетраењето. Секако и бројот на килограмите кои ќе ги изгубите.

Кефир диета – или диета како да не сте на диета

Диетата е предвидена за три дена и не повеќе од тоа. Тежината која што можете да ја изгубите со оваа диета зависи од индивидуалните карактеристики на организмот, а обично се движи околу 2 килограми.

Појадок

  • Предлог 1: Кајгана од 2 јајца, салата од помала краставица, кафе со лажиче млеко;
  • Предлог 2: Гриз/палента и кисело млеко;
  • Предлог 3: Јајце, 1 тост со путер, чај со мед.

Ужина

  • 300 ml домашен кефир.

Ручек

  • Предлог 1: Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо (100 gr), салата од цвекло, парче леб;
  • Предлог2: Чорба од печурки, паприкаш и салата од свежа зелка.

Ужина

  • 300 ml домашен кефир.

Вечера

  • Предлог 1: Риба на скара (150 gr), зелена салата и растителен чај;
  • Предлог 2: Поголем печен компир, чај со мед.

Кефир овошна диета – одлична за  детоксикација

Дневно треба да се испие 1,5 – 2 литри кефир од обрано млеко и да се јаде овошје и зеленчук (може и лесно термички да биде обработено) во доволни количини за да се задоволи гладот. Со оваа диета може да се изгубат 2 -  килограми за три дена.

Кефир јаболко диета – тешка диета за подготовка на новата сезона

Кефир - јаболко диетата трае 7 дена. Во текот на оваа диета се менуваат кефир и јаболко деновите. Може да се пие 1,5 литри кефир или да се изедат 1,5 килограми јаболка дневно. Ова е прилично строга диета и не се препорачува во зимскиот период туку при поминување од една сезона во друга. Да речеме пролет - лето и лето - есен. Губењето на килограми е значително: и до 6 килограми за 7 дена.

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
4 чаеви со кои побрзо ќе ги излечите уринарните инфекции Сигурно веќе знаете дека е препорачливо да пиете увин чај за уринарни инфекции. ...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Дали вегетаријанскиот начин на исхрана е безбеден за деца (и како да го примените)? Ако од кои било причини одлучите вашето дете да следи вегетаријански начин на ис...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за восп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg