Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките

Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут... За следното дружење со другарките изберете еден од трите популарни коктели инспирирани од Барби треската што го зафати светот.

recepti-za-3-rozovi-barbi-kokteli-idealni-za-letnite-druzhbi-so-prijatelkite-18-01.jpg

„Секоја вечер е вечер за забава на девојките!“, му вели Барби на Кен во мега популарниот филм на Грета Гервиг.

Подгответе и вие оригинални коктели инспирирани од Барби треската што го зафати целиот свет и уживајте во забавите со девојките.

Малибу Барби

Потребни состојки:

  • 30ml Малибу ликер (со вкус на кокос);
  • 30ml сок од калинка;
  • 30ml сок од грејпфрут.

Начин на подготовка:

  • Земете висока чаша и наполнете ја со мраз;
  • Ставете ликер од кокос и дополнете со сок од калинка и сок од грејпфрут и промешајте.
  • Коктелот можете да го декорирате со парче ананас или шеќер и розова прехранбена боја.

recepti-za-3-rozovi-barbi-kokteli-idealni-za-letnite-druzhbi-so-prijatelkite-18-02.jpg

Барби мимоза

Потребни состојки:

  • 30ml розов џин;
  • 1 лажичка Martini Rosso;
  • 15ml сок од розов грејпфрут;
  • 60ml розово шампањско.

Начин на подготовка:

  • Се зема висока чаша и се полни со мраз, па се ставаат сите состојки освен шампањското и се мешаат додека убаво да се оладат;
  • Коктелот се префрла во чаша за шампањско и се додава шампањско. 

recepti-za-3-rozovi-barbi-kokteli-idealni-za-letnite-druzhbi-so-prijatelkite-18-03.jpg

Life in Plastic (Пластичен живот)

Потребни состојки:

  • 30ml розов џин;
  • 15ml St. Germain ликер;
  • 15ml сок од лимон (свежо исцеден);
  • 90ml сок од калинка;
  • Шампањско (за дополнување).

Начин на подготовка:

  • Во шејкер се ставаат џинот, ликерот, сокот од лимон и сокот од калинка и се мешаат 30-тина секунди;
  • Добиениот коктел се става во висока чаша, се додава мраз и на крај се дополнува со шампањско.

recepti-za-3-rozovi-barbi-kokteli-idealni-za-letnite-druzhbi-so-prijatelkite-18-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg