„Го пробав пудингот за слабеење на Кортни Кардашијан – имаше ужасен вкус, а цел ден бев гладна“
„Мислам дека треба да додадам уште мед за да биде поблаго, а ако го јадам по вежбање ќе мора да додадам банана и протеински шејк“ - тврди нутриционистката која ги испроба хит-рецептот на Кортни Кардашијан, за кој ријалити ѕвездата тврди дека ѝ помага да остане во топ форма.
Пудингот на Кортни Кардашијан од три состојки стана вистински хит на социјалните мрежи. Ријалити ѕвездата тврдеше дека таа во последните пет години го јаде овој пудинг по секое вежбање.
Според неа авокадото прави да се чувствува заситено и ѝ дава енергија во текот на целиот ден, а со тоа ѝ помага да го одржи телото во топ форма.
Дополнително, освен што помага за слебеење, комбинацијата од авокадо и Манука мед е идеална за зајакнување на имунитетот.
Потребни состојки:
- 1 авокадо;
- 1 чаша кокосово млеко (или кое било друго млеко);
- 2 лажици мед (најдобро Манука мед).
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека не се добие изедначена смеса.
Досега повеќе корисници на социјалните мрежи се обиделе да го направат овој рецепт на Кортни, a мислењата за него се поделени.
Додека според едни е мошне вкусен и вреди да се проба, според други има вкус на „бебешка храна“ и изгледа како „пудинг за нинџа желки“.
Нутриционистката Хејзел Валас објавува видеа во кои ги тестира славните рецепти на социјалните мрежи, а неодамна го проба и рецептот на Кортни Кардашијан за пудинг од авокадо. Таа на пудингот му даде оцена 3 од 10.
Откако го подготви пудингот, докторката го проба, но на видеото видливо е дека вкусот не ѝ се допадна.
„Мислам дека би требало да додадам уште малку мед за да биде поблаго, а добро би било да додадам и какао“ – вели таа.
Дополнително, Хејзел се спротивстави на тврдењата на Кортни дека пудингот е одличен оброк што може да се консумира по тренинг. Според неа, консумирањето на овој пудинг по вежбање ќе ве остави гладни.
„Јаглехидратите и протеините се клучни нутриенти што му се потребни на телото да ги обнови резервите на гликоза и што му помагаат на телото да ги поправи и да ги изгради мускулите.
Можеби, ако сакате да го консумирате овој пудинг по вежбање би требало да додадете банана и протеински прав и да направите шејк, или целосно можете да заборавите на пудингот и да земете авокадо тост со варено јајце и тофу“ – порачува нутриционистката.
Б. С. Б. | Црнобело