Летна диета со краставица – може да намалите 5 килограми за 10 дена

Диетата со краставица е одлична за оние кои не сакаат да мислат премногу што треба да јадат. Диетата ја сочинуваат само неколку намирници, кои се консумираат во рок од 10 дена.

izgubete-do-5-kilogrami-za-10-dena-ednotavna-dieta-so-krastavici-01.jpg

Во комбинација со физичка активност, можете да намалите и до 5 килограми за само 10 дена.

Основата на диетата е салата од краставица, која може да се јаде секојпат кога ќе почувствувате глад.

Останатите намирници што можете да ги консумирате во текот на денот (но не да ги мешате сите одеднаш, туку да одберете едно) се:

  • 2 варени јајца
  • 150 g туна 
  • 150 g месо на скара
  • 2 големи компири, приготвени како било само не пржени
  • 3 парчиња интегрален леб

Секој ден можете да консумирате и 500 грама свежо овошје.

Од течности, можете да пиете вода, но и чај и кафе, само без шеќер. Овие 10 дена забранети се газираните пијалаци, алкохолот и благото.

Како што напоменавме, секогаш кога сте гладни можете да јадете салата од краставица, а можете да направите и шејк.

izgubete-do-5-kilogrami-za-10-dena-ednotavna-dieta-so-krastavici-2.jpg

За една салата ќе ви требаат околу:

  • 400 грама краставица
  • 2 dl кисело млеко или јогурт
  • кромид, по желба

За да направите шејк од краставица, во блендер измешајте една краставица со лушпа, една рака спанаќ и малку свеж ѓумбир.

Најдобро е да го испиете шејкот веднаш откако ќе го направите.

izgubete-do-5-kilogrami-za-10-dena-ednotavna-dieta-so-krastavici-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg