Како да ја одржите посакуваната телесна тежина?
Секој што успеал да намали на тежина има постигнато голем успех, но веднаш се поставува прашањето: како да ја одржувате посакуваната телесна тежина, без да ги вратите килограмите?
Следниве совети се за оние кои се упорни во одржувањето на посакуваната тежина, а истите се проверени од оние што успеале да го сторат тоа:
Внимавајте што јадете
Почитувајте ја здравата и реалната шема на исхрана. Ако сакате да ја одржите посакуваната тежина обрнете внимание на вашите навики во исхраната што сте ги усвоиле.
Треба да продолжите со внесување на помалку калории, што е најважно за постигнување на целта.
Држете се до шемите за јадење
Внимателно комбинирајте ја храната и следете ја здравата шема на исхрана за да ја одржите посакуваната тежина, без оглед на вашите дневни активности.
Со приближување на викендите, одморите и специјалните прилики, сè уште можете да уживате во храната, но со план.
Појадок секој ден
Да, појадокот е важен и е вообичаена карактеристика на луѓето кои изгубиле тежина и ја одржувале посакуваната тежина. Благодарение на квалитетен, здрав појадок, може да се избегне чувството дека сте „изгладнети“.
Вежбајте секој ден
Луѓето кои изгубиле тежина и ја одржувале посакуваната тежина, најчесто умерено вежбаат. 60 до 90 минути вежбање дневно ја намалува потребата за повеќе калории.
Се разбира, ова не мора да вклучува активност од 60-90 минути истовремено, но, на пример, 20-30 минути, три пати на ден.
Пратете ја вашата тежина
Проверувајте ја телесната тежина редовно за да реагирате веднаш, ако забележите дека нешто не е во ред.
Добра идеја е да ги бележите сите промени за да може да ја испланирате и прилагодите вашата исхрана и вежбање, доколку е потребно.
Побарајте поддршка од семејство и пријателите
Луѓето кои успеале да изгубат тежина и да ја одржат посакуваната тежина, честопати се потпираат на поддршката на другите за да се држат до одредена патека.
Понекогаш пријателот или партнерот, кој е, исто така, на диета, може да ви помогне да останете мотивирани, затоа не се двоумете да побарате поддршка.
Ашера | Црнобело