Диета на познатиот доктор Мајкл Мозли со која ќе ослабете 3 килограми за една недела
Доктор Мајкл Мозли верува дека ја пронашол диетата што ќе им помогне на сите. Диетата е наречена Fast 800 и додека ја држите, треба да консумирате 800 калории дневно.
Диетата е комбинација од постење и медитеранска исхрана, но Мозли препорачува да вклучите и физичка активност.
Нешто повеќе за диетата
Оваа диета најмногу се фокусира на броењето калории. Според Мозли, 800 е магичниот број што ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми.
Оние што ја држат диетата, треба да консумираат 800 калории дневно, во период од најмалку две недели.
Добро е што можете да ја приспособите диетата според вашите потреби и да мислите само на бројот на калории.
Дали оваа диета ќе ви помогне?
Храната богата со шеќер и јаглехидрати го зголемува ризикот од дијабетес и дебелина. Покрај тоа, овие намирници го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Набрзо откако ќе ги консумирате, нивото на шеќер нагло се намалува, па вие се чувствувате гладно и најверојатно ќе изедете повеќе.
Диетата на доктор Мозли препорачува да се фокусирате на храна со малку јаглехидрати и малку масти, а поради ограничениот број на калории, сигурно ќе се ослбодите од вишокот килограми.
Временско ограничување
Оние кои ја држат диетата ќе треба и да постат. Односно, да не јадат 12 часа во денот. Ова значи дека ако вечерате во 19 часот, следното утро не треба да појадувате пред 7 часот.
Каква храна да консумирате?
Доктор Мозли дал и неколку препораки за тоа што е најдобро да консумирате додека ја држите диетата.
Течности
Знаевте ли дека повеќето од нас постојано се дехидрирани? Факт е дека речиси сите пиеме премалку вода, а ова не поминува без последици.
Доктор Мозли препорачува да го зголемете внесот на течности во текот на денот. На овој начин ќе се чувствувате и посити.
Масти
Веројатно постојано слушате дека треба да ги избегнувате мастите, но постојат и здрави масти кои се добри за вашиот организам.
Овие масти го потиснуваат апетитот, а можете да ги најдете во маслиново масло, јаткасти плодови, риба и некои млечни производи.
Хранливи влакна
Кога внесувате доволно хранливи влакна, вашите црева ќе работат многу поефикасно. Покрај тоа, хранливите влакна имаат и позитивно влијание врз расположението. Хранливите влакна можат и да го намалат вашиот апетит.
Намирници кои се богати со хранливи влакна се зеленчук, житарици и мешунки.
Дали диетата функционира?
Додека го развивал овој план за исхрана, доктор Мозли се здебелил 6 килограми, а потоа ја почнал диетата.
Откако ја започнал, признал дека во првите две недели чувствуваат поголем замор. Сепак, заморот речиси исчезнал после втората недела, а во тој период ослабел 5 килограми.
Доколку сакате да ја почнете оваа диета, најважно е да се консултирате со вашиот лекар. Бидејќи диетата е рестриктивна, најдобро е редовно да го проверувате здравјето додека ја држите.
Спирова С. | Црнобело