5-дневна детокс диета со која ќе се ослободите од масните наслаги и токсините во телото
Оваа диета е всушност краток план за исхрана кој ќе ви помогне да ги согорите мастите, но и да го подобрите вашето здравје. Диетата трае 5 дена и не бара гладување, туку консумирање здрави намирници кои го чистат организмот.
Со нејзина помош ќе го поттикнете согорувањето на масните наслаги, но и ќе стекнете здрави навики во исхраната. Овој план не содржи црвено месо, преработена храна, заситени масти и шеќери.
Во текот на петте дена важно е да ја ограничите големината на порциите и да не јадете ништо дополнително. За најдобри резултати, не заборавајте ја и физичката активност.
Прв ден
Појадок: Ванила пудинг со чија семе
Ручек: Детокс салата од кељ, брокула, рукола, морков, авокадо и маслиново масло
Вечера: Кафеав ориз со карфиол, сезонски зеленчук и песто сос
Втор ден
Појадок: Смути од овошје и јаткасти плодови
Ручек: Салата со морски плодови
Вечера: Киноа со леблебија и прелив од таан со лимон
Трет ден
Појадок: Смути од спанаќ, авокадо, ананас и чија семе
Ручек: Салата од кељ, зрна соја и печен индиски орев
Вечера: Сладок компир со сезонски зеленчук и киноа
Четврти ден
Појадок: Смути од бобинки
Ручек: Киноа со мешунки
Вечера: Риба со зеленчук на скара
Петти ден
Појадок: Каша од киноа со бадеми и боровинки
Ручек: Грчка салата со бадеми и авокадо
Вчера: Салата со пилешко или риба и бадеми
Спирова С. | Црнобело