Тридневна војничка диета со која ќе „стопите“ 4 килограми
Војничката диета се базира на исхрана во мали оброци, внимателно осмислени за да ги согорат вишокот маснотии, но и да го забрзаат метаболизмот.
Крајниот резултат, според оние што ја пробале, се 4 килограми помалку по само 3 дена.
Строго е забрането консумирање на алкохол, треба почесто да пиете обична вода, додека кафето и чајот се дозволени само ако се без шеќер.
Се препорачува барем 30 минути дневно физичка активност.
Сепак, оваа војничка диета не им се препорачува на лица со лошо здравје и хронични болести, бидејќи може да доведе до слабост, главоболка, низок притисок и слични несакани ефекти.
Ако сепак сте здрави и се одлучите за брзо слабеење, ова е планот кој треба да го следите:
Прв ден
Појадок
- ½ грејпфрут
- 1 парче леб
- 2 лажици путер од кикирики
- 1 шолја кафе или чај
Ручек
- 115g туна
- 1 парче леб
- 1 шолја кафе или чај
Вечера
- 85g варено месо по желба
- 150g варени мешунки
- ½ банана
- 1 мало јаболко
- 1 топка сладолед од ванила
Втор ден
Појадок
- 1 јајце
- 1 парче леб
- ½ банана
Ручек
- 200g свежо сирење
- 1 тврдо варено јајце
- 5 мали крекери
Вечера
- 2 виршли, варени
- 175g варена брокула
- 25g моркови
- ½ банана
Трет ден
Појадок
- 5 крекери
- 1 парче тврдо сирење
- 1 мало јаболко
Ручек
- 1 тврдо варено јајце
- 1 парче леб
Вечера
- 230g туна
- ½ банана
- 1 топла сладолед од ванила
М. Д. | Црнобело