Ригорозна, но ефикасна – диета „900 КАЛОРИИ“

Оваа диета е една од најригорозните, но и најефикасните истовремено. Се практикува во случај на екстремно прекумерна тежина или доколку ви е потребно да симнете многу килограми во краток временски период.

Rigorozna-no-efikasna-dieta-od-900-kalorii-01.jpg

Доколку го следите менито, може да ослабете од 4 до 6 kg за само 7 дена. Нормално, сè зависи од вашата почетна тежина.

Јо-јо ефектот е сепак возможен доколку веднаш по завршувањето на диетата се „фрлите“ на стариот начин на лоша исхрана, па затоа бидете многу претпазливи.

Предупредување: Ваквата исхрана може да му делува стресно на организмот. Добро погледнете ги опциите ЗА и ПРОТИВ и донесете одлука.

Диетата со 900 калории дневно се држи само 1 недела, и ниту ден повеќе! Вежбањето во текот на диетата не е препорачливо поради исклучително нискиот внес на калории.

Што не смее да се јаде?

  • Бели печива (со исклучок на мала количина ’ржан леб)
  • Сите видови маснотии и масла
  • Џем, шеќер, мед, чоколадо, колачи и други слатки продукти
  • Брза храна
  • Маринирани, димени и премногу солени јадења.

Што смее да се јаде во диетата „900 калории“?

  • Месо без маснотии (пилешко без кожата, мирискино и говедско без мрсниот дел)
  • Секаков вид на зеленчук (со исклучок на компири) и овошје (особено корисни се јаболката)
  • Јајца
  • Млеко и млечни производи со ниска содржина на масленост.
  • Се препорачуваат почести, но помали оброци. Најдобро е да се јаде најмалку 5 пати дневно.
  • Минимумот на чиста вода кој треба да го испиете во текот на денот е 1,5 l.
  • Може да пиете и кафе и чај, но без додатен шеќер. Чајот може да го испиете со цеден лимон.
  • Држете се подалеку од сите пијалаци кои имаат алкохол во себе, шеќер или се газирани.

Неделно мени

Понеделник

Појадок: парче говедско месо (околу 100 gr), 20 gr грашок, половина јаболко, кафе

Ужина: 1 варено јајце

Ручек: супа од зеленчук, варено месо (или на пареа) – 100 gr, 1 помала краставица, половина шолја овошје

Попладневна ужина: големо јаболко

Вечера: варена или печена риба (околу 100 gr), 3 лажици сварен ориз, салата од зелка зачинета со лимонов сок.

Вторник

Појадок: парче говедско месо (100 gr), кафе или чај

Ужина: 1 јајце, варено или пржено без масло, шолја кафе или чај

Ручек: зеленчукова супа, пилешки стек без масло (150 gr), 1 шолја овошје

Попладневна ужина: свежо или печено јаболко

Вечера: пилешко на пареа (100 gr), неколку листови зелена салата

Среда

Појадок: парче ’ржан леб со 1 парче шунка, мало јаболко, шолја кафе

Ужина: 1 варено јајце

Ручек: супа од зеленчук, 100 gr варена риба, салата од зелка зачинета со лимонов сок

Попладневна ужина: 1 големо јаболко

Вечера: парче сварено говедско месо (100 gr), 1 шолја чај со малку нискомаслено млеко

Четврток

Појадок: Риба на пареа (околу 150 gr), чај или кафе

Ужина: 1 варено јајце

Ручек: зеленчукова супа, парче говедско месо (100 gr), свежа краставица, чај

Попладневна ужина: 1 големо јаболко

Вечера: варена риба (100 gr), салата од зелка зачинета со лимонов сок

Петок

Појадок: 100 gr риба, чај или кафе

Ужина: печено јајце без масло

Ручек: зеленчукова супа, 2 лажици ориз со месо по избор (150 gr)

Попладневна ужина: ситно овошје (малини, капини, јагоди, аронија… 200 gr)

Вечера: 1 варено јајце

Сабота

Појадок: Мисиркин стек без масло (150 gr), кафе или чај

Ужина: 200 ml млеко со ниска масленост

Ручек: 1 мала чинија супа со моркови, 100 gr месо по избор на пареа, 2 лажици варен ориз и зелена салата

Попладневна ужина: ситно овошје (малини, капини, јагоди, аронија… 200 gr)

Вечера: варено месо (околу 100 gr)

Недела

Појадок: 1 чаша кефир или јогурт со ниска масленост

Ужина: варена или риба на пареа (100 gr)

Ручек: Зеленчукова супа, парче варено пилешко месо (150 gr), свежа краставица, чај

Попладневна ужина: 1 големо јаболко

Вечера: 100 gr варено пилешко месо и 20 gr грашок.

Напомена: Секој ден пред спиење може да испиете малку нискомаслен јогурт или да изедете неколку лажици кисело млеко со ниска масленост. Ова ќе ви овозможи пријатен сон и лесно будење.

За кого не е наменета оваа диета?

  • За трудници, доилки, деца под 18 години, како и хронични болни луѓе.
  • Доколку неодамна сте имате некаква операција.
  • За активни спортисти
  • За физички работници.

ПРЕДНОСТИ НА „900 КАЛОРИИ“ ДИЕТАТА

  • Брзи резултати
  • Погодно мени за дома, но и за на работа
  • Широк спектар на продукти
  • Едноставна подготовка на оброци
  • Нема физичка активност

НЕДОСТАТОЦИ НА „900 КАЛОРИИ“ ДИЕТАТА

  • Смеете да ја држите само 7 дена и ниту ден повеќе, затоа што може да биде опасна по здравјето (губење на мускулна маса како и промена на метаболизмот)
  • На почетокот на диетата може да почувствувате слабост и вртоглавица. Доколку ви се случи ова, зголемете го малку внесот на калории.
  • Некои луѓе едноставно не се чувствуваат добро кога јадат повеќе мали оброци. Диетата со 900 калории секако не е вистинскиот избор за вас.

Кога може да ја повторите диетата?

Дури после еден месец. За тоа време додека да дојде вториот циклус од 1 недела, држете се подалеку од индустриски преработени производи, слатки и газирани пијалаци.

Задржете се на слично мени како ова од диетата, но зголемете ја количината на храната, со особен акцент на зеленчукот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg