Најадени сте, а слабеете: План за Кето диета за почетници
Кето диетата e позната по тоа што препорачува консумирање на мал процент на јаглехидрати, а позитивната страна е што секогаш може да бидете сити, иако истовремено слабеете.
Со намалување на внесот на јаглехидрати, во телото се случува состојба позната како кетоза, по што е именувана оваа диета.
Кетозата е природен процес каде телото произведува кетони при разложувањето на мастите насобрани во црниот дроб.
Крајната цел на овој процес е да ја забрза работата на метаболизмот и да ги разложи наталожените залихи на јаглехидрати, и од нив да ја добиете потребната енергија, наместо од внесените калории.
Кои се придобивките од Кето диетата?
- Намалување на тежината,
- Контролирање на шеќерот во крвта,
- Зголемување на фокусот,
- Зголемување на енергијата,
- Контролирање на апетитот,
- Намалување на лошиот холестерол и крвен притисок,
- Чистење на кожата од акни.
Што се јаде, а што е забрането за време на Кето диетата?
Забрането:
Зрнести плодови – пченица, пченка, приз, житарки,
Шеќер – мед, јаворов сируп,
Овошје – банани, јаболка, портокали,
Компир и сладок компир.
Дозволено:
Месо – риба, говедско, јагнешко,
Зелен лиснат зеленчук
Зеленчук кој расте над земја – брокула, карфиол,
Млечни производи со висока масленост
Јаткасти плодови и семки
Авокадо и шумско овошје
Засладувачи на база на стевиа
Останати масти – кокосово масло, дресинг за салати, заситени масти.
Поточно, вашиот дневен план на исхрана треба да изгледа вака:
Пример дневно мени за Кето диета:
Појадок: Кајгана на парче путер и салата од марула и авокадо
Ужина: Сончоглед
Ручек: Спанаќ со лосос на скара
Ужина: Стапчиња целер со гвакамоли
Вечера: Чисто свинско месо со салата од црвена зелка и пире од карфиол
Појадок: Омлет од меко сирење, сечкан зеленчук и доматен сос
Ужина: Павлака со јаткасти плодови
Ручек: Пилешки гради со салата од марула, краставица и козјо сирење
Ужина: Смути од бадемово млеко, зелен зеленчук и путер од бадем или кикирики
Вечера: Печени ракчиња со лимон и аспарагус или зелен зеленчук по желба
Појадок: Јајце потпечено во авокадо
Ужина: Чипс од зеленчук по желба
Ручек: Плескавица од говедско месо со листови марула, авокадо и салата по желба
Ужина: Сечкано сирење и парчиња слатка пиперка
Вечера: Пастрмка со путер и салата од зелен лиснат зеленчук
Кои славни имиња „се колнат“ во ефектите на Кето диетата?
Хали Бери
Кортни Кардашијан
Ким Кардашијан
Гвинет Палтроу
Леброн Џејмс
Меган Фокс
Адријана Лима
М. Д. | Црнобело