Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто не можете да престанете да јадете?

Константната желба за храна не е ниту здрава, ниту нормална и не треба да се тешите дека едноставно сте стрвни, па ништо лошо нема да се случи од уште една коцка чоколадо.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-01.jpg

Ако внимателно следите кога и како ви се појавува желбата за храна, може да откриете дека всушност не сте гладни, туку е нешто сосема друго.

10 причини зошто не можете да престанете да јадете:

1. Жедни сте

Ако скоро јадевте, а чувствувате глад, напијте се чаша вода. Погрижете се постојано да имате вода покрај вас, па пред да каснете уште едно залче, проверете да не се работи за жед.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-02.jpg

2. Јадете празни калории

Намалете го количеството на јаглехидрати и заменете ги со корисни, здрави состојки.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-03.jpg

3. Не сте доволно наспани

Велат дека не е добро да си легнувате со празен стомак, но ако неодамна јадевте, а повторно сте гладни, пробајте да дремнете. Недостатокот на сон може да предизвика глад.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-04.jpg

4. Начинот на кој се справувате со стресот

Следен пат кога ќе се најдете во стресна ситуација и ќе сакате да одите во продавниче по нешто благо, облечете ги патиките за трчање и истрчајте неколку кругови. Ќе забележите дека желбата за јадење е значително помала.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-05.jpg

5. Несоодветно мезе

Ако не знаете какво мезе оди со црвено или бело вино, гуглајте. Не служете 10 различни мрсни рецепти, со надеж дека барем еден ќе одговара. Понекогаш сосема доволни се лесните брускети за целосно да уживате.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-06.jpg

6. Ви недостасуваат протеини во исхраната

Тие се клучни за живост и енергија, затоа вметнете малку повеќе риба, јајца, пилешко...

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-07.jpg

7. Ви недостасуваат здрави масти

Транс-мастите моментално ве заситуваат, но ако одберете намирниси со здави масти како маслиново масло, црвена риба, јаткасти плодови, семки и авокадо, подолго ќе останете сити.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-08.jpg

8. Менито ви е нерамномерно распоредено

Нормално, би требало да имаме околу 5 оброци во денот - 3 главни и 2 ужини.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-09.jpg

9. Храна на Инстаграм

Прекрасните фотки и видеа од храна на Инстаграм само непотребно ве огладнуваат, кога реално не сте гладни. Избегнувајте ги.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-10.jpg

10. Јадете попатно

Било кој оброк во денот не треба да ви е од нога, туку треба да седнете и да му се посветите. Направете ритуал од јадењето и ценете го секој залак.

zosto-ne-mozete-da-prestanete-da-jadete-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg