Хроно исхрана и мени за почетници
Моментално цел свет го менува обичниот начин на исхрана со хроно диета. Ако сакате да бидете најадени, а да намалите неколку килограми, тогаш време е и вие да се обидете.
Иако е смислена во Франција уште во 1986-та година, оваа исхрана дури сега доживува експанзија.
Во оваа исхрана не подразбира броење на калории или гладување, но мора правилно да ги комбинирате намирниците и да јадете во одредено време.
Има период на рестрикција кој трае минимум 1 месец или додека не дојдете до посакуваната тежина.
Неколку основни правила за почетници (за периодот на рестрикција):
- Пред појадокот нема кафе, може чај од билки или топла лимонада, половина час пред оброкот.
- Растојанието меѓу оброците нека биде 5-6 часа.
- Не се пие алкохол, освен црно вино, до 4 чаши неделно.
- Млеко не се користи, никогаш.
- Нема ужини, ниту овошје.
Појадок:
Појадокот е задолжителен. Се јадат цели житарки и сè што сакате од печива, но исклучиво од брашна од просо, јачмен, овес... Јајцата и млечните производи не се мешаат. Два различни млечни производи исто така не се мешаат. Месото е дозволено со јајца. Месото и месните производи исто така може да се комбинираат, два или повеќе видови. Важно е појадокот да биде најбогат.
Ручек:
Се комбинира месо со зеленчук без скроб. Не се јаде грав, ориз, соја, леќа, боранија, грашок, компир. Со ручекот се јадат салати зачинети со ладно цедено масло, сок од лимон и сил. Наместо месо може да се јаде и мрсна риба или печурки. Лебот и другите тестенини се забранети.
Вечера:
Се комбинираат лесни меса и протеини со зелени зеленчуци и салати. Наместо месо, може да јадете и белки од јајце.
Предлог неделно мени:
М. Д. | Црнобело