Што да јадете и кога за да не ја зголемите тежината?
Здравиот начин на живеење и исхранување многу зависи од навиките кои ги стекнувате и практикувате во текот на денот.
Понекогаш многу е важно да си креирате рутина заради која ќе бидете поздрави и послаби:
07:15
Започнете го денот со протеини. Истражувачите на Универзитетот Пурдју покажаа дека високо протеински појадок прави да се чувствувате сити подолго време и е помалку веројатно дека ќе се прејадете.
07:45
Отидете во теретана и концентрирајте се на бавно подигнување на тегови. Истражување од страна на Државниот Универзитет Вејн покажа дека забавеното вежбање (три секунди) за време на тренинг со отпор може да го зголеми вашиот метаболизам по само три дена.
09:00
Пијте една чаша млеко, бидејќи млечните производи се богати со калциум и ќе ви ја зголемат шансата за губење на тежината.
11:00
Одлучете се за брза прошетка. Послабите луѓе одат во просек од пет и пол километри повеќе од дебелите луѓе.
13:00
Земете оброк кој е полн со магнезиум како салата од спанаќ, риба на скара и исечени бадеми. Магнезиумот е минерал кој активно го стимулира метаболизмот.
16:00
Пијте зелен чај. Едно истражување објавено во „Journal of Nutrition“ покажало дека катехинот во зелениот чај ги намалува телесните масти.
19:00
Јадете зачинета храна за вечера. Таквата храна помага да согорувате масти и калории.
22:30
Креирајте си мирна атмосфера без технологија, за да бидете во можност да спиете подобро. Недостатокот на сон може да влијае на хормоните кои го регулираат апетитот и постојано ќе се чувствувате гладни.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:




