5 знаци дека не сте накачиле некој килограм, туку сте само подуени
Ако во рок од само неколку дена, не можете да ги закопчате фармерките кои ги носевте минатата недела, прво што ќе помислите е дека сте накачиле некој килограми плус.
Но, невозможно е да се здебелите толку брзо. Постои втора можност - да сте моментално подуени од некоја причина.
Најчесто, ова се 5-те причини заради кои се чувствувате надуено и нема потреба од диети, туку само од еднодневна детоксикација.
1. Не пиете доволно вода
Кога телото е дехидрирано, започнува да ги задржува течностите во телото. Ова е најчестата грешка која луѓето ја прават - кога се чувствуваат подуено, престануваат со внесување течности. Треба да го направите спротивното, за телото да се исчисти.
Тука проверете колку вода треба да пиете во текот на денот.
2. Нетолерантни сте на глутен
Несвесно, многу луѓе го игнорираат фактот дека се нетолерантни на глутен. Најпаметно е да избегнувате храна која содржи глутен барем на неколку недели за да воочите дали проблемот е до тоа.
3. Под стрес сте
Ако имате стресен ден, недела или месец, големи се шансите тоа да се одрази во вид на подуеност. Кога сте под стрес се случуваат многу хормонски промени, што понатаму е тесно поврзано со дигестијата на храната. Обидете се со медитација пред да посегнете по строга диета.
4. Нередовно одите во тоалет
Оваа табела ќе ви помогне, пред работите да станат сериозни.
5. Јадете брзо
Ако јадете „од нога“, големи се шансите да голтате големи количини воздух кој ви се задржува во телото. Истото се случува и ако имате навика да пиете од цевка.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



