3-те најдобри диети за 2016 година
Не постои такво нешто како совршена диета, но „MIND“ диетата опасно се приближува до овој епитет, според соопштението од „ Rush University Medical Center “ во Чикаго.
„MIND“ диетата е рангирана на втората позиција во светски рамки и означена како „најлесната диета за следење“.
Цел: Основата на оваа диета ја сочинува храна која се бори против ризикот од Алцхајмерова болест.
Што се јаде: Содржи 15 клучни прехранбени компоненти, од кои 10 се етикетирани како „храна за мозокот“ – зелен лисест зеленчук и сите останати видови зеленчуци, јаткасти плодови, бобинки, полнозрнести производи, риба, живина, маслиново масло и вино, како и „5 нездрави видови на храна“ – црвено месо, путер, маргарин, сирење, печива, слатки и пржена и брза храна“.
Насоките за оваа диета се едноставни. Се препорачува да се јадат три порции од полнозрнести производи, еден вид зелен лисест зеленчук и уште еден друг вид зеленчук секој ден заедно со една чаша вино.
Секој ден вклучува ужинка со јаткасти продукти, а секој втор ден може да се јадат зрнести зеленчуци (грав, грашок, леќа, боранија).
Живината и шумските бобинки се дозволени најмалку два пати неделно, како и минимум еднаш неделно јадење риба.
Консумирањето на путер мора да се ограничи на 1 мала лажичка дневно, додека препорачаната количина на печива, полномасно сирење и пржена и брза храна е една мала порција неделно од сите горенаведени.
Сепак, доброто е што диетата не ги забранува целосно сите овие производи и намирници и имате одредено чувство на слобода и задоволство при јадењето.
„DASH“ диетата заслужено го зазема првото место на најдобра диета во светски рамки, иако постои одамна.
Цел: Спречување и намалување на високиот крвен притисок. Всушност, целта на оваа диета се состои во самото име – „DASH“ –( Dietary Approaches to Stop Hypertension) или Диететски пристап за спречување на хипертензија.
Што се јаде: Овошје, зеленчук, полнозрнести производи, протеини и нискомаслени млечни производи. Одбегнувајте слатки, црвено месо и задолжително намалете ја количината на сол.
„TLC“ диетата е на третото место. Еве како изгледа таа:
Цел: Намалување на високиот холестерол (8 до 10% очекувано намалување на холестеролот за време на 6-неделна диета).
Што се јаде: „Американската асоцијација за здраво срце“ ја препорачува оваа здрава и едноставна диета која вклучува намалување на маснотиите, особено сатурираните масти, па производите од типот на „тешко“ месо, полномасни млечни производи и пржена храна треба да ги одбегнувате. Наместо овие продукти, се зголемува внесот на храна богата со растителни влакна.
(О)Милена | Црнобело