10 совети за слабеење од фитнес тренерот кој изгубил 70 килограми

Џои Бернистин кога имал 25 години тежел 154 килограми. Диетите не му помогнале, сè додека не решил да направи една, навидум незначајна промена, во неговата исхрана.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-01.jpg

Токму таа промена довела до многу позитивни резултати, па и ден денес ја дава како совет на сите оние на кои им е тренер.

Погледнете ја само разликата кај него лично:

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-1.jpg

Еве што порачува тој:

1. Не пијте калории

Газирани пијалаци, џусеви, ледени чаеви - пијалаци кои незабележително можат да ве натераат да внесете дури и 2.000 калори плус во текот на денот. Затоа, најдобро е да се држите до водата.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-2.jpg

2. Заборавете на готовата храна

Дури и додека сте на работа, сами носете си домашно подготвена храна.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami3.jpg

3. Поминувајте помалку време во патување

Автомобилот добро е да го замените со велосипед, не само што можеби, ќе си заштедите време за време на сообраќајниот метеж, туку и ќе трошите повеќе калории во текот на денот.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-4.jpg

4. Научете да готвите

Наместо да уживате во готовите кесички кои со себе носат многу скриени калории, научете сами да си подготвувате домашни јадења.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-5.jpg

5. Вредноста на храната

Секогаш одбирајте свежи производи како зеленчук и овошје, наместо нездрава храна.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-6.jpg

6. Миленик

И миленикот може да ве натера да бидете поактивни, посебно рано наутро ако пешачите заедно со него.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-7.jpg

7. Купувајте органска храна

Избегнувајте храна која одзади каде се напишани сите состојки има најмалку 10 различни хемикалии - сите тие придонесуваат за повеќе килограми.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-8.jpg

8. Одбирајте квалитетно месо

Готови меса, пржени, поховани... сите тие имаат далеку повеќе калории во себе отколку печеното месо.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-9.jpg

9. Престанете да се дружите со негативни луѓе

Откако Џои раскинал со својата поранешна девојка, забележал дека станал далеку посвесен за тоа што внесува во организмот, пред сè затоа што и самиот бил помалку гневен и не посегнувал по слатките.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-10.jpg

10. Ослабете однатре

Тежината не се мери само со физичкиот изглед, туку се огледува и во вашиот начин на размислување и однесување. Обидете се да се ослободите од навиките кои знаете дека ве дебелеат.

10-soveti-za-slabeenje-od-trenerot-koj-izgubil-70-kilogrami-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg