За линија на топ модел - хранете се како Криси Тајген
Манекенката Криси Тајген или позната и како сопруга на пејачот Џон Леџенд знае како точно да се храни за да не остане гладна, а да изгледа одлично на насловните страници.
Обожава да готви, се труди да подготвува нискокалорични оброци кои се нутритивно богати.
Таа не применува строги диети, туку здрав начин на исхрана, со повремени допуштања на мали задоволства и одбрани производи
Во нејзината кујна може да најдете:
Јајца
Криси никогаш не го прескокнува појадокот, а обожава да јаде јајца без оглед дали се во форма на омлет, меко или тврдо варено јајце.
Авокадо
Криси го јаде како ужинка со малку сол и бибер.
Салата од туна
Задолжителна дневна доза на омега 3 масни киселини. Со туната меша и малку мајонез и сенф.
Зелени сокови
- Обожавам зелени сокови, особено оние кои се состојат од многу зелен зеленчук и не премногу јаболка - објаснува Криси.
Суши
Свежата риба ѝ е одличен избор за здрав меѓуоброк, а Криси најчесто одбира туна. Ги купува во пакети од 6 парчиња па ги грицка секогаш кога огладнува.
Индиски ореви и бадеми
- Бадемите ги јадам сирови, но оревите секогаш ги пропржувам во тава и ги посолувам. Знам дека солта не е здрава, но понекогаш во минимални количини мора и да уживате - додава Криси.