5 итри трикови како да внесувате помалку калории

Летото се ближи и сите сакаме да изгледаме најдобро што можеме. Најефективно ќе го постигнете саканиот изглед ако внимавате колку калории внесувате. 

5-itri-trikovi-kako-da-gi-namalite-kaloriite-0

Прочитајте ги овие пет трикови како незабележително да го намалите нивното внесување:

1. Пијте од чаши кои имаат еднаква ширина во горниот и долниот дел, никако од заоблени

Едно истражување покажало дека луѓето кои користат чаши кои се шират во долниот дел, пијат 60 % повеќе сок или алкохол од оние кои пијат од потполно рамни чаши. Истражувачите сметаат дека тоа е така бидејќи заоблениот дел на чашата не дава точна прегледност колку пиеме, и затоа е лесно да си дотуриме уште кога ќе помислиме дека сме испиле половина.


2. Радувајте му се на ручекот

Експертите тврдат дека кога едвај чекаме да почнеме да јадеме, нашето тело создава помала количина на хормоните за апетит од вообичаено, што пак значи дека помалку ќе јадеме и следствено, ќе внесеме помалку калории.


3. Придушете ги светлата

Дискретното светло може да направи многу повеќе од романтична атмосфера, а тоа може и да ве поттикне да јадете помалку! Едно истражување покажало дека луѓето кои јаделе во затемнет простор консумирале 175 калории помалку од оние кои јаделе во силно осветлен простор. Испитаниците изјавиле дека им било многу попријатно да јадат во дискретно осветлена соба отколку под јаки светла.


4. Гледајте во здрава храна ако сакате да го намалите благото

Истражувањата покажуваат дека гледањето слики на храна богата со шеќери и калории го потикнува мозокот да праќа информација дека е гладен и почнува да ја бара токму таа определена храна. Значи, ако не сакате да јадете храна која здебелува, препорачуваме детално да го проучите изгледот на здравата храна.


5. Пијте газирана вода

Експертите тврдат дека ако пиете минерална вода вашиот организам ќе бара овошје и зеленчук наместо помфрит и брза храна. Освен тоа, ќе се изненадите колку минералната вода, која има 0 калории, може да направи да се почувствувате сити.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg