Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто килограмите не се намалуваат: 5 грешки кои ги правите кога сакате да ослабете

Летото ни пристига, а со се повисоките темератури расте и желбата за совршено извајано тело. Но, иако редовно вежбате и се храните здраво, резултатите не се видливи.

zosto-kilogramite-ne-se-namaluvaat-5-greski-koi-gi-pravite-koga-sakate-da-oslabete-01.jpg

Еве зошто се соочувате со ваков проблем:

1. Оправдувања од типот „поминав цел час во теретана, сега може да вечерам пица“

Сосема неточно. Ако сериозно размислувате за намалување на тежината, прво треба да размислувате за својата исхрана. Постојат многу луѓе кои минуваат часови во теретаната само за да можат без грижа на совест да јадат брза храна, без да знаат дека за правилното вежбање е потребна и правилна исхрана. Во спротивно, сето тоа е залудно вложен труд и енергија.


2. Постојано правите долги серии кардио вежби, со умерен ритам

Ако сакате видливи резултати, време е да ги промените вежбите. Ако вашето тело се навикне на едните исти вежби, тие нема да имаат никаков ефект. Почнете со тренинг составен од вежби со низок и висок интензитет, наизменично со повремени паузи. Таквиот тренинг е потежок, но барем ќе забележите позитивни промени на телото.


3. Ги следите чудните трендови за слабеење

Прво, големи се шансите дека ќе останете гладни и несреќни. Второ, ќе си го искомплицирате животот, а за тоа немате потреба. Наместо да ги следите хировите на славните ѕвезди, одберете здрава и природна храна. Тоа значи немасно месо, овошје и зеленчук.


4. Го прескокнувате појадокот

Иако сите знаат дека е најважен, секојдневно го избегнуваат. Ако не каснете појадок, многу поголеми ви се шансите за прејадување во текот на денот и тоа е факт. Не мора да подготвувате утринска гозба, доволно е да каснете некое хранливо овошје или овесна каша.


5. Јо-јо ефект

Имавте супер недела во која се придржувавте до сите правила и напорно вежбавте, но потоа дојде викендот кој е совршен за прекршување на правилата. Јадевте беза храна и се тешевте како ќе ја истрошите од понеделник, во теретана. Ова е последната, но најлоша одлука која ја правите во животот. Односно, тоа е познатиот Јо-јо ефект со кој ги враќате килограмите.

Наместо тоа, пробајте го правилото 20-80, што значи 80% од времето да се храните здраво, а оние 20% се време за задоволствата кои сакате да си ги овозможите. Тоа е многу добар начин да го избегнете прејадувањето.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg