Дневно мени на исхрана која го топи целулитот
Женскиот проблем број 1 се јавува како последица од таложење на маснотиите и токсините под кожата, а најчести фактори за оваа непријатна појава се неправилната исхрана, недоволната физичка активност, хормонскиот дисбаланс, пушењето, стресот...
Ниту еден третман во светот нема да ви овозможи целосно отстранување на целулитот, па затоа не си ги трошете парите и времето.
Потребна ви е правилна исхрана и соодветен начин на живот ако сакате да го избегнете овој проблем.
Потребно е да внесувате голем процент на течности во организмот, во облик на вода, чаеви, природно цедени сокови и чорби.
Од чаевите се препорачуваат оние кои ја забрзуваат циркулацијата и делуваат како антиоксиданси. Во оваа група спаѓа чајот од коприва, ѓумбир, бреза или зелен чај. Се препорачуваат 2 до 3 шолји дневно, не повеќе.
Што се однесува со храната, таа се дели на следниве групи:
1. Житарки - Интегралните житарки, јачменот, оризот, овесот и производите богати со билни влакна кои лесно се раствораат во цревата, создаваат гел кој ги исфрла токсините.
2. Млеко и млечни производи - Јогуртот, киселото млеко и младото сирење со ниска масленост не се препорачливи, па затоа треба да се внесуваат во минимални количини.
3. Месо, риба, јајца - Најдобро е да бирате посни меса - пилешко или јагнешко, потоа се препорачува чиста риба и јајца кои се богати со белковини, а малку калории, како и витамини А, Д, Е и Б12.
4. Масла - Студено цедените масла имаат витамини А и Е кои се важни и препорачливи. Практикувајте маслиново, ленено или масло од сусам.
5. Зеленчук - Сите зеленчуци во облик на салати и свежо цедени сокови, како и кратко варени, имаат висок процент на витамини, минерали, антиоксиданси и вода. Што значи, додајте ги во секој оброк.
6. Овошје - Исто како и зеленчукот, овошјата се богати и препорачливи, посебно цитрусите, бананите, боровинките, јаболката и крушите.
7. Шеќер и слатки - Строго забранети се слатките и колачињата кои се најчестиот виновник за појавата на целулитот.
Строго забрането - Масна и зачинета храна, слатки, бел леб, алкохол, цигари, кафе, газирани пијалаци, конзервирана храна, сол повеќе од 3 грама дневно.
Вашето дневно мени би требало да изгледа вака:
Појадок - Овесна каша со билно млеко од соја или ориз, боровинки и лажица мед.
Ужина - Овошна салата од половина банана, јаболко, круша, ананас, лажица бадеми, половина лажичка цимет.
Ручек - 50g сварени тестенини од ориз, чисто пилешко месо, моркови и тиквици сварени околу 5 минути. По желба може да зачините со соја сос.
Ужина - Салата од домат, краставица, пиперка, младо сирење, ленено масло и лимонов сок. Ако чувствувате глад, додајте и парче интегрален леб.
Вечера - Печена пастрмка во фолија, салата од сварена брокула со малку јогурт и 1 парче интегрален леб.
Овој план на исхрана искобминирајте го соодветни физички активности или вежби, за повидливи и побрзи резултати.