Антицелулит диета: Наутро житарки, за ужина овошје
Со помош на овој начин на исхрана за 7 дена ќе ги забележите првите видливи резултати. Антицелулит диетата му помага на организмот да се ослободи од отровните материи и вклучува само храна која лесно се вари.
Никогаш не е доцна за да се ослободите од целулитот, сметаат нутриционистите кои ја осмислиле оваа диета.
Искомбинирана со масажи, вежби и истегнување, овој план на исхрана треба да стане ваша секојдневна рутина.
1 ден
Појадок: Шолја кафе од јачмен, овесни снегулки со јогурт
Ужина: Чаша цеден сок од портокал
Ручек: Салата со школки и пиперка, салата од домат и рукола
Ужина: Шумско овошје пропрскано со сок од лимон
Вечера: Пилешки гради на жар со лимон, ананас по желба
2 ден
Појадок: Шолја кафе од јачмен, интегрален кекс, мед
Ужина: Фрапе од кајсии и манго
Ручек: Салата со ориз, спанаќ со лимон, сорбет од лимон
Ужина: Банана
Вечера: Моцарела, салата од зелен варен зеленчук, ананас
3 ден
Појадок: Шолја кафе од јачмен со лајт млеко, интегрален кекс
Ужина: Фрапе со мед
Ручек: Студена супа од зеленчук, интегрален леб
Ужина: Праски
Вечера: Варена бела риба, блитва зачинета со маслиново масло и лимон, интегрален леб
4 ден
Појадок: Сок од моркови, интегрална кифла
Ужина: Семки од сончоглед
Ручек: Карфиол, пилешко месо, салата по желба
Ужина: Овошје или овошен сок, исто така по желба
Вечера: Јогурт, сирење, леб, салата
5 ден
Појадок: Млеко, маргарин, џем, интегрален леб
Ужина: Овошје по желба
Ручек: Грашок, леб, салата
Ужина: Овошје или овошен сок, по желба
Вечера: Варен зеленчук, риба, салата, црн леб
6 ден
Појадок: Сок од овошје или овошје, леб за тост, сирење, маргарин
Ужина: Овошна салата
Ручек: Шницли од соја, спанаќ со компир, салата, леб
Ужина: Овошје
Вечера: Пица исклучиво со свеж зеленчук
7 ден
Појадок: Млеко, овесни снегулки
Ужина: Домашно подготвен сладолед
Ручек: Зелка, интегрален леб, салата од цвекло
Ужина: Бело кафе со млеко
Вечера: Варен зеленчук, варено месо, леб
Намирници кои мора да ги избегнувате:
Колбаси, сланина, салами, грицки, солено месо, солени сирења и кашкавали, пржена храна, газирани пијалаци, павлака, виршли, конзервирани супи, зачини и зачинети јадења, кафе.
Намирници кои се препорачуваат:
Зеленчук и овошје во сите облици, јајца, јогурт, житарки, варено чисто месо, риба, сушен пивски квасец, многу вода.
Додека ја држите оваа диета задолжително треба да го чистите организмот и со нешто повеќе од 1 литар вода во денот.
На крајот, ќе се уверите дека упорноста се исплати.