Научно докажано: Зошто не можете да ги изгубите уште последните 2 килограми?

Кога ќе почнете да држите некоја диета, најлесно се забележуваат првите промени и позитивни резултати. Ви се чини дека штом за 1 недела сте успеале да ослабете 1-2 кг гигурно за месец до два ќе ослабете точно колку што ви треба и ќе се ослободите наеднаш од 7-8 kg вишок.

naucno-dokazano-zosto-ne-mozete-da-gi-izgubite-uste-poslednite-2-kilograma-001.jpg

Но, резултатите не покажуваат такво нешто и сигурно ве разочаруваат, па се прашувавте како успевавте на почетокот и во што е проблемот за да не можете да се ослободите од последните 2 килограми.

Постојат 5 научно докажани причини поради кои е можен овој проблем:

1. Не спиете добро

Спиењето изгледа како најлесен начин за слабеење. После лошото спиење се будиме исцрпени и потребно ни е гориво за да го издржиме денот. Поради тоа апетитот ни е поголем од вообичаено. Многу студии потврдиле дека луѓето кои слабо спијат имаат проблем со килограмите. Тоа го забавува метаболизмот и согорува помалку калории.

2. Дома ви е премногу топло

Еден од факторите за симнувањето на последните 2 килограми може да биде и тоа што температурата во собата е превисока. Намалената температура му помага на телото да произведува хормон кој го стимулира развојот на т.н. кафени масти кои ја одржуваат топлината на органите и ги согоруваат калориите.

Но, овие масти со текот на годините исчезнуваат. Температурата нека ви биде околу 20 степени и кафените масти ќе ви помогнат во согорувањето калории.

naucno-dokazano-zosto-ne-mozete-da-gi-izgubite-uste-poslednite-2-kilograma-1.jpg

3. Премногу вежбате наместо помалку да јадете

За слабеењето подеднакво се важни и диетата и вежбањето. Но, науката тврди дека исхраната е важен дел. Намалениот внес на храна е многу поефикасно отколку зголемената физичка активност.

Но, и понатаму, најдобри резултати ќе добиете ако вежбате , но и ако намалите со храната. Внимавајте: Ако премногу вежбате ќе бидете гладни. Клучот секогаш бил во умереноста.

4. Остатоците од храна ги чувате во пластични садови

Бисфенолот А е индустриска хемикалија која се користи од 1960 година. Се наоѓа во флашираната вода во пластични садови за чување храна. Тоа може да биде значајно за слабеењето, бидејќи влијае на метаболизмот.

Според едно истражување, бисфенолот А може да се помеша со храната или пијалакот со кои сте во контакт. Администрацијата за храна и лекови тврди дека е проверен, бидејќи во храната има многу мала количина од него.

Сепак, заменете ги пластичните садови и шишиња со стаклени и ќе нема зошто да се грижите.

naucno-dokazano-zosto-ne-mozete-da-gi-izgubite-uste-poslednite-2-kilograma-3.jpg

5. Не го миете овошјето и зеленчукот

Пестицидите на овошјето и зеленчукот содржат супстанци кои се поврзуваат со дебелината и здебелувањето. Дејството на овие токсини всушност почнува многу рано во животот. Загадувачите на околината влијаат на нас уште додека сме во утробата на мајката.

Како што старееме, нашиот метаболизам се забавува и сите потешко слабеат, а научниците откриле и дека самото дебелеење го забавува метаболизмот. Овој процес е дополнително забрзан со загадувачите кои се наоѓаат во крвта.

Задолжително мијте го  и овошјето и зеленчукот кое го јадете и кога и да можете јадете органска храна.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg