Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ново правило за исхрана: Јадете како вашите баби

Постојано се појавуваат нови начини на исхрана и диети кои стануваат популарни. Само некои од популарните совети во последно време се : исфрлете го глутенот, млечните производи, шеќерот, мастите, внимавајте на калориите, станете вегетаријанец, веган итн.

novo-pravilo-za-ishrana-jadete-kako-vasite-babi-01

Ако почнете така да јадете и сите да ги слушате, веројатно ќе ви остане само вода да биете и да каснувате по некоја тревка.

Всушност најдобриот совет е да не ги слушате „експертите“ и да сфатите дека здравата храна не е толку комплицирана.

Најголем виновник за дебелината во денешно време е брзата храна и постојаното седење.

Знајте дека и здравата храна содржи масти, шеќери и калории, но разликата е во тоа што се во многу помали количини, а не дека воопшто ги нема.

Се смета дека луѓето треба да ја избегнуваат храната која била тотално непозната за нивните баби. Тука спаѓаат сите конзерви со имиња за кои вашата баба не слушнала претходно.

novo-pravilo-za-ishrana-jadete-kako-vasite-babi-2

На пример, може да се купат колачи кои се во кутија на која пишува дека немаат шеќер. Штом го видите тој натпис, автоматски ќе помислите дека е во ред тоа да го јадете, но всушност не знаете дека имаат вештачки засладувачи кои се многу поштетни од шеќерот.

Таканаречената „вистинска храна“ е всушност најздрава храна. Наместо пакувани кифли на кои пишуѕва дека се без глутен или слатки стапчиња од житарки на кои пишува дека се без шеќер, определете се за домашен леб и мусли кои самите ќе си ги одберете.

Храната базирана на билки е најдобра за нашето здравје. Манџите кои ги подготвуваат мајките и бабите се поздрави и подобри од кој било т.н. диетален сендвич.

Пред да купите нешто „диетално“ само помислете дали вашата баба знае што е тоа и многу полесно ќе ја решите дилемата и ќе си ја регулирате тежината, без притоа да се разболите заради неправилен внес на потребните состојки за организмот.

novo-pravilo-za-ishrana-jadete-kako-vasite-babi-1

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg