Зошто диетите никогаш не ви успеваат?
За успешни резултати, секоја диета бара истрајност и нејзино држење до крајот на определеното време.
Но, сепак секојпат не можеме да одолееме,а да не ги прекршиме правилата и тоа токму поради ова:
Шеќерна зависност
Понекогаш навистина е тешко да се држиме до правилата на диетата токму поради нашата зависност од шеќер. Додека ја држите диетата сигурно размислувате на слатки кои строго си ги забранивте, па затоа сите ваши диети се осудени на пропаст. Дозволете си неколку коцки темна чоколада или подгответе здрав пудинг - решението е поедноставно отколку што мислевте.
Изгладнување
Диетата никако не смее да ни причинува изгладнување, бидејќи на тој начин имате спротивен ефект и вашиот организам таложи масни наслаги. Изгладнувањето е токму една од причините поради кои скршнуваме и не можеме да ја држиме диетата до крај. Затоа, погрижете се секогаш да бидете сити.
Диета со откажување
Кога веќе ја држите диетата не смеете да одолеете и да изедете слатка и вкусна крофна, а потоа да си ветите дека повторно ќе започнете со истата диета од следниот понеделник. Таа диета дефинитивно е склона кон неуспех, па затоа променете ја диетата или променете го ставот.
Емоции
Немојте да консумирате храна кога сте изморени, тажни, депресивни или кога ви е досадно, бидејќи вие тогаш не сте вистински гладни туку јадете врз база на емоционалниот статус. Штом сте се одлучиле да држите диета тогаш држете се и себе си зафатени и најдете хоби кои ќе ви ги одведе мислите далеку од секоја емоционална состојба.
Планирање неуспех
За секоја диета морате однапред да ја испланирате и да се подготвите. Затоа не почнувајте со диета веднаш штом ќе ја прочитате. Она што ви е потребно е добро организиран план и подготовки. Па затоа набавете си храна, потоа диетални и енергетски чоколади, грицки, сокови и известете ги пријателите со кои често одите на ручек. Така ќе бидете сигурни дека нема да скршнете од вашиот пат.