Тајната на совршените диети
Сакате што побрзо да ги симнете вишокот килограми, затоа што лесната облека ќе го открие она што цела зима го сокривавте? Но, која диета да ја одберете?
Нека биде онаа која подразбира да јадете помалку од вообичаено - во тоа лежи целата тајна на слабеењето, тврдат американските научници кои веќе неколку години се обидуваат да ја утврдат најефикасната диета.
По многу анализи на 4-те најпопуларни типа диети - месни, базирани на зеленчук, на јаглехидрати и протеински, утврдено е дека нема никаква разлика помеѓу нив. Најважно е да внесете најмалку храна што можете.
Во истражувањето учествувале случајно одбрани лица со прекумерна тежина, а секој испитаник имал за задача да се придржува кон еден тип на диета.
Во дневниците за исхрана запишувале што јаделе секој ден, а по 6 месеци докажано е дека најголеми резултатите постигнале оние кои внеле најмалку калории, без оглед на диетата.
Што значи, ако јадете помалку, почесто се движите и вежбате, килограмите сами ќе се топат.