Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 предности на вегетаријанската исхрана

Вегетаријанскиот план на исхрана или диетата слична на вегетаријанството може да ви биде од голема корист, како на вашето тело, така и на вашиот дух.

8-zdravi-prednosti-na-vegetarijanskata-ishrana-01

Познато ни е дека месото е неодоливо, крцкаво, солено... Но, она што ќе го добиете за возврат ако се откажете од него е непроценливо!

Ќе ослабете

Луѓето кои не јадат месо имаат понизок просек на телесна маса од оние кои редовно го консумираат. Освен тоа, во борбата со килограмите полесно може да победите доколку преминете на вегетаријанска исхрана, отколку да држите строги диети.

Ќе го подобрите здравјето на срцето

Внесувањето на заситени масти кои ги содржи месото го подигнуваат нивото на холестеролот во крвта, што понатаму предизвикува зголемен ризик од срцеви заболувања.

Ќе го намалите ризикот од дијабетес

Борбата против дијабетес е многу полесна кога се придржувате на вегетаријанска исхрана. Нискиот крвен притисок, нискиот шеќер во крвта, глицеридите и сето тоа во комбинација со потенок струк, се главните предности на вегетаријанците.

Кожата ќе ви изгледа подобро

Вегетаријанството е најдобриот третман кој може да и го овозможите на кожата. Антиоксидансите од овошјето, зеленчукот и житарките ги неутрализираат слободните радикали, кои се главни непријатели на затегнатата кожа.

Поубаво ќе мирисате

Безмасната исхрана влијае на вашиот мирис кој е пресуден за личната привлечност. Мажите и жените кои не внесуваат месо мирисаат далеку посвежо од оние кои секојдневно консумираат заситени масти.

Ќе имате повеќе енергија

Ако ја збогатите исхраната со спанаќ, кељ и мешунки кои се богати со нитрати ќе бидете поенергични. Нитратот во зеленчукот е клучен фактор за вашата свежина.

Ќе бидете посреќни

Додавањето на овошје и зеленчук во исхраната моментално ќе го подобри вашето расположение.

Дури и спроведено е истражување во Велика Британија која го докажува овој факт. Од 80.000 испитаници, најсреќни биле оние кои внесувале 7 порции овошје и зеленчук дневно.

Ќе се чувствувате подобро во тесни панталони

Ако ја збогатите исхраната со зеленчук и мешункасти плодови, ќе внесувате повеќе влакна, а тие го поправаат варењето. Кога вашиот организам нормално ја вари храната немате чувство на надуеност, се чувствувате послаби , a воедно и попривлечни.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg