Диетата на омилениот турски пар - актерите кои ги глумеа Шехерезад и Онур: Tој ослабе 14kg, таа 7kg

„Пиеме многу вода и чај од тревки. За појадок јадеме житарки со млеко и лажица мед. Ручекот обично е комбинација од месо и многу салата, а некогаш јадеме малку ориз. За ужинка правиме тост со чедар, а пред спиење пиеме чаша јогурт“, вели актерката Бергузар Корел, која сама ја осмислила диетата со која, таа и нејзиниот сопруг Халит Ергенч, слабеат најбрзо.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-01.jpg

Актерите Халит Ергенч и Бергузар Корел, кои важат за еден од омилените турски парови, секогаш изгледаат одлично, а во сериите каде што глумат секогаш се во топ форма.

Но популарните актери, познати и како Онур и Шехерезад, во интервју признаа дека понекогаш мора да се стават на строг режим на исхрана кога се подготвуваат за некоја улога.

Диетата што ја практикуваат актерите пред снимање ја осмислила самата Бергузар. Овој начин на исхрана се покажал успешен кога се подготвувале за снимањето на серијата „Ти си мојата татковина“, каде што глумат заедно.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-07.jpg

Со оваа диета за месец и половина Халит ослабел 14 килограми, а Бергузар 7 килограми.

По ова, секојпат кога треба да ослабат, актерите се придржуваат до истиот режим на исхрана.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-04.jpg

„Го исфрлив шеќерот од исхраната, храната што содржи глутен и млечните производи. Всушност, можам да кажам дека главно бев на сирова храна“, рече актерот за својот режим на исхрана.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-08.jpg

Медиумите тогаш пишуваа дека Халит на снимањето јадел ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, сиров спанаќ и целер.

Тој често јадел супа од тиква и салата од киноа, а обично пиел лимонада и сок од житарки.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-05.jpg

Иако не консумирале шеќер, ни Халит ни Бергузар не се лишиле од слатки, па јаделе десерт од нане, портокал и урми.

А за енергија внесувале крекери од бадеми и ленено семе и путер од какао и бадеми.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-03.jpg

Бергузар во едно интервју откри и дека тајната на диетата се и течностите, па таа и Халит пиеле барем по 10 чаши вода дневно, пренесе „Diyetform“.

„Пиеме и многу чај од тревки. За појадок јадевме житарки и млеко со лажица мед, а за ужинка тост и чедар.

Ручекот обично е комбинација од месо и многу салата, а ако имаме потреба од леб, тоа е секогаш една кришка црн леб. Понекогаш за ручек јадеме и малку ориз.

Пред спиење секогаш пиеме чаша јогурт“, кажа актерката во една прилика.

dietata-na-omileniot-turski-par-akterite-koi-gi-glumea-sheherezad-i-onur-toj-oslabe-14kg-taa-7kg-06.jpg

Таа вели и дека со овој начин на исхрана не гладува, што е голема предност, бидејќи е често на снимање, а тоа го исцрпува организмот.  

Бергузер призна и дека ја користела оваа диета откако се породила, за побрзо да го симне вишокот килограми.

А. Ј. | Црнобело

Фото-извор: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg