„Пробав да ја држам диетата со која Клои Кардашијан ослабе 20kg – цел ден јадам и пак сум гладна“

„Ми се чини дека цел ден има само два оброка и сè друго е овошје и зеленчук“, „Ако здравите грицки се сметаат за оброци, значи јас јадам 12 пати дневно“ – стои во дел од коментарите за видеото во кое една девојка покажа како навистина изгледа диетата на Клои Кардашијан.

probav-eden-den-da-ja-drzham-dietata-so-koja-kloi-kardashijan-oslabe-20-kg-cel-den-ostanav-gladna-01.jpg

Минатата година, Клои и Ким Кардашијан привлекоа огромно внимание откако нагло ослабеа, а дел од медиумите почнаа да шпекулираат дека сестрите најверојатно ги извадиле имплантите, но и беа упатувани критики до нив затоа што промовираат нездрав начин на живот и слабеење.

Клои никогаш во животот не била послаба, а во една прилика таа ја откри и диетата што ѝ помогнала да ослабе 20 килограми.

probav-da-ja-drzham-dietata-so-koja-kloi-kardashijan-oslabe-20-kg-cel-den-jadam-i-pak-sum-gladna-05.jpg

Клои во минатото тежеше 74 килограми и беше сестрата што постојано добива критики упатени за нејзиното тело, а честопати беше вклучена во скандали со фотошопирање на нејзините фотографии.

probav-da-ja-drzham-dietata-so-koja-kloi-kardashijan-oslabe-20-kg-cel-den-jadam-i-pak-sum-gladna-03.jpg

По промената на режимот на исхрана и начинот на вежбање, ријалити ѕвездата ослабе околу 20 килограми и денес има околу 55 килограми.

Таа на критиките упатени до неа одговори дека целта не ѝ била да ослаби 20 килограми за 20 дена и затоа имала стриктно утврден план за исхрана, без млечни производи и јаглехидрати.

probav-da-ja-drzham-dietata-so-koja-kloi-kardashijan-oslabe-20-kg-cel-den-jadam-i-pak-sum-gladna-06.jpg

Иако таа тврди дека се чувствувала одлично додека се хранела по овој план, оние што ја тестираа нејзината диета воопшто не се уверени во тоа што таа го пласира како вистина.

Наоми Линејџ објавува голем број видеа на социјалните мрежи, а како голема обожавателка на сестрите Кардашијан, таа одлучи на еден ден да ја проба диетата на Клои за да види за каков начин на исхрана се работи и да покаже визуелно што ве очекува ако одлучите да ја следите нејзината диета.

probav-da-ja-drzham-dietata-so-koja-kloi-kardashijan-oslabe-20-kg-cel-den-jadam-i-pak-sum-gladna-09.jpg

Таа на YouTube објави видео во кое покажува како изгледало нејзиното искуство додека јадела како Клои.

Утрата на Клои започнуваат со протеински шејк, а бидејќи Наоми немала whey протеини, таа одлучила да користи мелено ленено семе, во комбинација со 1 лажица путер од бадеми и замрзнато овошје.

„Нејзиниот втор оброк во денот, што според мене е само ужинка, но таа го нарекува ’оброк‘, е банана или јаболко“ – разочарано вели Наоми.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg