Клои Кардашијан се брани откако ја искритикуваа за лош Фотошоп: „Не знам од каде ви е оваа фотка, јас не сум ја објавила“

„Јас не ја објавив оваа фотографија“ – тврди ријалити ѕвездата Клои Кардашијан откако на социјалните мрежи се прошири многу лошо обработена фотка, на која таа има нереално тенка половина. Јасно е дека Клои ослабе, но ова е претерано, нели?!

kloi-kardashijan-objavi-fotka-so-losh-fotoshop-pa-gi-obvini-kriticharite-ne-znam-od-kade-vi-e-ovaa-slika-01.jpg

Клои Кардашијан (38) неодамна го доби второто дете со бившиот дечко Тристан Томпсон, а повторно е во центарот на вниманието заради лошиот Фотошоп.

Според пишувањата во светските медиуми, ријалити ѕвездата објавила фотографија на која половината ѝ е нереално тенка, а потоа истата брзо ја избришала од нејзиниот Инстаграм профил.

kloi-kardashijan-objavi-fotka-so-losh-fotoshop-pa-gi-obvini-kriticharite-ne-znam-od-kade-vi-e-ovaa-slika-02.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил се објавени повеќе фотографии на кои таа носи аутфит од Balenciaga, а проблематичната фотографија прво била објавена во Инстаграм Стори, а според нејзините следбеници била веднаш избришана.

По обвинувањата за лошиот Фотошоп, Клои се огласи на социјалните мрежи и ги обвини луѓето од нејзиниот тим.

„Никогаш не ја објавив оваа фотографија. Можеби луѓето од мојот тим ја објавиле, но не го направив јас тоа. Погледнете ги... Видете ја линијата на задникот...“ – напиша Клои.

По ова, таа одлучи уште еднаш да се поправи па рече:

„Чекајте, не велам дека луѓето од мојот тим ја објавиле, само велам дека јас не ја објавив оваа фотографија на мојот Инстаграм. Каде има сметка што докажува дека сум ја објавила... Леле, луѓето се многу чудни“.

Прочитајте и Ким со шест прсти, избришаната фотка на Кајли – најпопуларните Фотошоп грешки на Кардашијанс

Дел од нејзините следбеници ја повикаа да признае дека лаже, затоа што добиле принт скринови од објавите на нејзиниот Инстаграм профил, а од друга страна сите се сеќаваат на скандалот од минатата година кога таа се закануваше дека ќе ги тужи сите што ќе ја објават нејзината нефотошопирана фотографија што случајно протече во јавноста.

„За среќа не е необработената фотографија од неа во костум за капење. Инаку, ќе почнеше на сите да им се заканува со тужби“ – стои во еден твит.

Иако е јасно дека сите сестри Кардашијан редовно користат филтер и ги обработуваат фотографиите пред да ги објават, Клои најчесто се наоѓа во центарот на вниманието заради грешките при обработувањето на фотографиите и лошиот Фотошоп.

kloi-kardashijan-objavi-fotka-so-losh-fotoshop-pa-gi-obvini-kriticharite-ne-znam-od-kade-vi-e-ovaa-slika-04.jpg

Необработената фотка во бикини:

kloi-kardashijan-objavi-fotka-so-losh-fotoshop-pa-gi-obvini-kriticharite-ne-znam-od-kade-vi-e-ovaa-slika-05.jpg

Прочитајте и  Клои Кардашијан по скандалите со Тристан ослабе до непрепознатливост - позира топлес, критикувана за лош Фотошоп (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото) Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајн...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg