Ким со шест прсти, избришаната фотка на Кајли – најпопуларните Фотошоп грешки на Кардашијанс
- Детали
- недела, 11 април 2021
„Јавна тајна“ е дека Кардашијанс редовно користат алатки за уреување фотографии, иако упорно го негираат тоа. А, бројните Фотошоп грешки што ги имаат направено низ годините само го потврдуваат овој факт.
Деновиве Клои е најзборувана од сестрите Кардашијан-Џенер поради фотографија што ја прикажува во реално светло. Фотографијата беше споделена на Редит, а на неа сe гледаат вистинските пропорции на Клои, кои се сосема поразлични од она што го објавува сама. Иако на фотографијата Клои изгледа одлично, разликата е повеќе од очигледна.
Не е ништо ново дека Кардашијанс користат многу Фотошоп и алатки за уредување фотографии, па слободно можеме да кажеме дека воопшто не знаеме како всушност изгледаат.
А, со толку многу Фотошоп, нормално одвреме-навреме се појави и понекоја грешка.
Погледнете кои се најпопуларните Фотошоп грешки на Кардашијанс:
Најкритикуваната фотографија на Клои
Во мај минатата година Клои се најде на мета на остри критики, откако објави фотографија на која воопшто не личи на себе.
Фановите веднаш открија дека фотографијата е направена за време на снимање на ријалити шоуто на Кардашијанс, па направија споредба со снимката. И сами ќе забележите дека разликата е огромна.
Заедничката фотосесија на Ким и Кајли
Веднаш штом Ким ги објави фотографиите од кампањата за парфемот што го направи со Кајли, фановите ја забележаа Фотошоп грешката. На фотографијата изгледа како Ким да има шест прсти на левото стапало.
Дебатата за носот на Клои
Во 2019-та Клои објави фотографија која ги натера фановите да мислат дека направила операција на носот. Тогаш Клои изјави дека нема операција, туку носот ѝ изгледа поразлично поради контурирање.
Набрзо потоа, на Инстаграм се појави фотографија од истиот настан која докажува дека Клои си го променила носот со Фотошоп.
Кортни Кардашијан позира во када
Пред две години Кортни сподели фотографија на која лежи гола во када, но и самите веднаш ќе забележите дека левата нога ѝ изгледа многу чудно. За нејзиното лице, пак, многу фанови искоментираа дека изгледа како да е „залепено“ отпосле на фотографијата.
Ким Кардашијан во 2017-та
Овојпат не станува збор за грешка на Ким, туку, наводно, папараците ја фотошопирале фотографијата за да направат да изгледа лошо.
Фотографијата е направена за време на патување во Мексико, а пред да ги нападне папараците, Ким изјави дека тој период не била во најдобра форма и немала вежбано 12 недели.
Потоа, пак, на некој начин го демантираше она што го кажа, изјавувајќи дека папараците објавиле фотошопирана фотографија за да ја прикажат во лошо светло.
Избришаната фотка на Кајли
Во април минатата година Кајли дури избриша фотографија, откако фановите ѝ посочија дека има направено голема Фотошоп грешка. На фотографијата Кајли стои во базен, на кој едниот раб е искривен.
Кајли ја избриша фотографија, а потоа ја објави уште еднаш, овојпат без грешката.
Нереалното тело на Кендал
Кендал Џенер се соочи со многу критики откако објави фотографија на која повеќе наликува на Барби кукла, отколку на реална личност.
Фановите нагласија дека иако Кендал е супермодел и има совршено тело, пропорциите на фотографијата се нереални, но сепак, за ова не постои доказ дека се работи за Фотошоп грешка.
Рекламната кампања на Ким
Како дел од рекламата за нејзината нова колекција шминки, Ким објави фотографија на која е непрепознатлива. Фановите веднаш ја критикуваа за претераната употреба на Фотошоп, а дел од нив на шега ја прашуваа кој е новиот модел за нејзиниот бренд.
Спирова С. | Црнобело