9 начини како да ја претворите обичната бања во стилска просторија од домот
Ставете огледало со необична форма наместо комплетите со елементи што ги има во секој дом. Не се плашете од црните чешми кои изгледаат полуксузно. Фрлете го здодевниот спреј за воздух.
Многумина забораваат дека и бањата е дел од домот и дека треба да изгледа свежо, со пријатни и складни бои, но и со впечатливи детали, за да има стил во секоја просторија.
За бањата да ви изгледа луксузно и стилски не мора да потрошите цело богатство, но добро е да одберете неколку детали кои ќе остават личен печат и ќе изгледаат полуксузно.
Во продолжение предлог начини како да го направите стилски и овој дел од домот:
Користете складни бои, но не заборавајте да акцентирате и да оставите личен печат
Не се плашете од црната или златна боја – дава полуксузен изглед на чешмите
Ставете огледало со необична форма и рамка, наместо класично
-->
-->
Наместо класични неонки, ставете соодветен лустер
-->
Металните детали треба да бидат во иста боја
Не бирајте детали во силни бои, може да одберете крпи со линии во складна боја наместо обични
Додадете детали од различни материјали и избегнувајте сѐ да биде пластично
Ако има место, додадете мини столче или интересен детаљ за седење / оставање работи
Користете пријатен освежувач за воздух, кој притоа изгледа декоративно
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

8 бои за уредување ентериер кои се хит во 2025-та
Мока Мус која е прогласена за боја на годината, но и боја на лаванда која е идеа...

Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот?
Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...

Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече
Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...

7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики)
Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....

6 трендови за уредување што ќе доминираат во 2025-та, според дизајнери на ентериер
Детали во црвена како цреша, но и риги на завесите, тепихот, перничињата… Кои тр...

Трикови за уредување со кои ќе ѝ дадете луксузен изглед на малата бања
Ставете плочки со апстрактен дезен наместо еднобојни ѕидови и заменете го огледа...
-->