Најлошите модерни трендови за уредување за кои сигурно ќе зажалите, според дизајнери на ентериер
Кафеавата боја може да му даде топлина на просторот, но ако претерате, собата ќе изгледа многу мрачно – кои други модерни трендови за уредување е најдобро да ги избегнувате?
Годинава видовме разни трендови за уредување и додека повеќето изгледаат добро, дел од нив сепак не се најпрактични и брзо застаруваат.
За Insider, неколку дизајнери споделуваат кои трендови спаѓаат овде:
Завесите со големи риги изгледаат „кич“
Дизајнерот Кристофер Чарлс вели дека годинава забележал дека популарноста на овие завеси драстично се зголемила, но смета дека изгледаат „кич“.
Според Кристофер, ова е еден од најлошите трендови за уредување од 2022 година и покажува недостаток од креативност и изгледа како мрзлив обид да се вметне боја во ентериерот.
Кристалите и светкавите детали се непрактични
Кристалните лустери, светкавите детали, па и деталите со златна и сребрена боја во домот му даваат доза луксуз на ентериерот, но Чарлс смета дека се претерува со овој тренд.
Според дизајнерот, премногу вакви детали го задушуваат просторот и не изгледаат воопшто добро.
Евтиниот мебел никогаш не е добар избор
Дизајнерот Мајк Семеген истакнува дека во повеќето случаи, евтиниот мебел значи и лош квалитет.
Ова значи дека за само година-две, ќе треба да ги заменувате овие парчиња мебел со нови.
„Многу често луѓето сакаат да купат нешто набрзина. Па поради ова, го купуваат она што е достапно во продавницата. На крај, завршуваат со евтин мебел кој не е воопшто квалитетен“.
Белиот ентериер доаѓа со многу проблеми
На фотографии, собите во кои доминира белата боја изгледаат навистина добро и модерно.
Сепак, според Мајк, ваквиот ентериер во реалноста нема никаква топлина.
Покрај тоа, голем дел од времето ќе треба да поминете во чистење бидејќи на бела боја се познаваат и најмалите дамки.