Најлошите модерни трендови за уредување за кои сигурно ќе зажалите, според дизајнери на ентериер
И кафеавата боја не е најпрактична
Дизајнерката Кејти Крискос воопшто не ја сака кафеавата боја, најмногу бидејќи може да биде тешко да се комбинира.
„За жал, кафеавата боја е насекаде. Тешко е да работите со оваа боја, особено ако имате мал простор. Мислам дека не треба да ги фарбате ѕидовите кафени, ниту да претерувате со кафеавиот мебел“.
Кејти вели и дека кога доминира оваа боја, собата изгледа многу помрачно и депресивно.
Не претерувајте со растенијата во домот
Растенијата во домот стануваат многу популарни, но Кејти вели дека не треба да претераме.
„Природата е насекаде околу нас, но бидете умерени кога сакате да ја внесете во домот. Како и секогаш, потребна е рамнотежа“.
Кејти вели дека важно е да не претерате и со природните материјали и бои како зелена.
Сивата боја делува студено
Бидејќи е неутрална боја која навидум лесно се комбинира, сивата станува вистински хит за ентериери.
Сепак, според дизајнерката Кортни Волершајм, ова не најточно и навистина треба внимателно да ги одбирате другите бои. Покрај тоа, ако доминира сивата боја, собата ќе изгледа студено.
Ако сепак сакате малку сивило во домот, Кортни советува да го комбинирате со природни и топли тонови.
Избегнувајте бели кујнски апарати
Иако белите кујнски апарати се најпопуларни, дизајнерот Еди Ридер смета дека можат да го нарушат целиот изглед на кујната.
„Белата боја честопати не изгледа добро со вратите од шкафчињата, па го расипува целиот изглед на просторот“.
Па, кога сте во можност, бидете пребирливи и за бојата на кујнските апарати.
Спирова С. | Црнобело