Вирална објава на Македонка: „Oваа естетика и одземање на сите шарени бои во детските соби ми е жална“

„Да, детската соба треба да има некоја прикладност на бои, но и тие можат да се и сина и зелена итн. Не безживотна. Сепак, тоа е вкус во ред, но и играчките да се неутрални ми е навистина несфатливо искрено бидејќи светот на децата, па и мојот го замислувам во шарени бои...“, гласи објавата на Александра Пренџова. Дали вие го осудувате или поддржувате трендот на детски соби во неутрални бои?

viralna-objava-na-makedonka-ovaa-estetika-i-odzemanje-na-site-shareni-boi-vo-detskite-sobi-mi-e-zhalna-01.jpg

Александра Пренџова, по професија диетолог, со сопругот и синчето живее во стан во Скопје од 67m2 и постојано на Инстаграм споделува детали од уредувањето на нејзиниот дом.

viralna-objava-na-makedonka-ovaa-estetika-i-odzemanje-na-site-shareni-boi-vo-detskite-sobi-mi-e-zhalna-02.jpg

Овојпат таа се огласи со свој став за трендот детските соби да бидат во неутрални тонови, по едно ТикТок видео каде мајка вели дека со подарокот шарена играчка што го добило нејзиното дете ѝ се нарушила естетиката на собата.

@chloedurnsx

#fyp #ew #greyaesthetic #babynursery

♬ original sound - egyptianvampirehybrid

Нејзината објава на Инстаграм стори ја споделија многу нејзини истомисленици.

viralna-objava-na-makedonka-ovaa-estetika-i-odzemanje-na-site-shareni-boi-vo-detskite-sobi-mi-e-zhalna-02.jpg

Објава на Александра гласи:

„Oваа естетика и одземање на сите шарени бои за детство какво што го знаеме сите мене ми е жална.

Секако, дека детската соба треба да има некоја прикладност на бои, но и тие можат да се и сина и зелена итн. Не безживотна.

Сепак, тоа е вкус во ред, но и играчките да се неутрални ми е навистина несфатливо искрено бидејќи светот на децата, па и мојот го замислувам во шарени бои.

Истото го мислам и за облеката и жал ми е за сите деца што не можат да си бидат Спајдрмен или Елза или не знам кој затоа што тоа не е естетик.

И секако дека на крајот од денот секој за себе најдобро си знае, јас овде само кажувам мое мислење, не лутете ми се...“

viralna-objava-na-makedonka-ovaa-estetika-i-odzemanje-na-site-shareni-boi-vo-detskite-sobi-mi-e-zhalna-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
6 работи во станот во Скопје за кои се каам за изборот откако родив дете Грешка бр. 1 при изборот на стан - до влезот се стига по скали, а нема пристапна...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg