Најчестите грешки во декорирањето на дневната соба, според дизајнери на ентериер
Го жртвувате комфорот за луксузни парчиња мебел, заборавате дека дневната треба да биде практична и купувате тепих со несоодветна големина.
Нормално е да правите некои грешки кога го уредувате домот, па затоа сигурни сме дека советите од професионалците се повеќе од добредојдени.
Во продолжение, најчестите грешки во декорирањето на дневната соба според дизајнери на ентериер:
Тепих со несоодветна големина
Кога купувате тепих за во дневната соба, не е важна само бојата, туку и големината.
Ако тепихот е преголем, може визуелно да ја смали просторијата. Ако, пак, е многу мал, ќе ја наруши рамнотежата во ентериерот.
Најдобро е тепихот да го покрива целиот дел за седење, односно да нема непокриен простор помеѓу масата и гарнитурата.
Го „лепите“ креветот за ѕидот
Ако имате многу мала дневна, тогаш е во ред гарнитурата да ја „залепите“ за ѕидот.
Но ако има барем малку повеќе простор, собата ќе изгледа многу подобро ако оставите растојание помеѓу ѕидот и креветите.
Купувате цели сетови
Кога купувате гарнитура за дневната соба, избегнувајте ги целите сетови.
Односно, нема потреба двоседот и троседот (или аголната гарнитура) да бидат исти со фотелјата или табуретката.
Ако купите различни модели, дневната ќе изгледа многу подобро.
Го закачувате телевизорот многу високо
Важно е да го поставите телевизорот на практично место.
Немојте да го закачувате многу високо бидејќи не само што ќе изгледа лошо, туку и самото гледање ќе ви биде непријатно.
Најдобро е да го поставите во линија со вашите очи додека седите на гарнитурата.