Најчестите грешки во декорирањето на дневната соба, според дизајнери на ентериер

Не обрнувате внимание на комфорот

Многу луѓе го жртвуваат комфорот за стил, но ова е погрешно.

Што ако имате луксузно уредена дневна, ако не можете да уживате во неа?

najchestite-greshki-vo-dekoriranjeto-na-dnevnata-soba-spored-dizajneri-na-enterier-06.jpg

Заборавате на светлото

Покрај светлото на таванот, добро е да додадете уште некој извор на светлина во дневната соба, како столна или подна ламба.

Овие ламби најдобро е да бидат со послаба светлина за да создадат пријатна атмосфера.

najchestite-greshki-vo-dekoriranjeto-na-dnevnata-soba-spored-dizajneri-na-enterier-07.jpg

Купувате преголема или премала гарнитура

Ако имате мала соба, одберете помали кревети и маса.

И обратно – ако имате голема соба, исполнете ја со поголем мебел.

najchestite-greshki-vo-dekoriranjeto-na-dnevnata-soba-spored-dizajneri-na-enterier-08.jpg

Ги преполнувате полиците

Ако имате многу книги, нормално е да сакате да ги изложите. Во овој случај само потрудете се да ги наредите подобро, а не да ги трупате.

Ако, пак, немате многу книги, избегнувајте да ги преполнувате полиците со украси бидејќи просторијата ќе изгледа неуредно.

najchestite-greshki-vo-dekoriranjeto-na-dnevnata-soba-spored-dizajneri-na-enterier-09.jpg

Не обрнувате внимание на практичноста

Дневната е просторијата во која веројатно минувате најмногу време, па треба да биде практична и функционална.

Па, слободно додајте повеќе масички или слично ако забележите дека има потреба од тоа.

najchestite-greshki-vo-dekoriranjeto-na-dnevnata-soba-spored-dizajneri-na-enterier-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg