10 застарени трендови за уредување кои е најдобро да ги избегнувате
Домот ќе изгледа многу подобро ако ги украсите ѕидовите со слики, но, од друга страна, потребна е умереност и не треба да претерате за просторијата да не изгледа „кич“ и застарено.
Бидејќи трендовите за уредување постојано се менуваат, ризично е да го уредите домот потпирајќи се само на нив, освен ако не планирате да реновирате секоја година.
Повеќето трендови кои биле хит пред само година-две веќе изгледаат застарено, па секогаш е подобро да црпите инспирација од „безвремени“ идеи.
10 застарени трендови кои е најдобро да ги избегнувате:
Панели на дел од ѕидовите
Ова е тренд од далечините ’70-ти и би требало да остане таму. Дрвените панели ѝ даваат „старински“ изглед на собата и не заборавајте дека се проблематични за одржување – ќе треба постојано да бришете прашина од нив.
„Милениумска“ розова на ѕидовите
Пред само година-две, оваа нијанса на розова беше вистински хит. Но, ова е тренд чија „слава“ помина, најмногу бидејќи со розови ѕидови немате многу опции за додавање други бои во ентериерот.
Премногу декорации
За многуте украси и слики во домот да изгледаат добро, ќе треба да ги одбирате многу внимателно за да се надополнуваат едни со други и да не изгледаат „кич“.
Па, побезбедна опција е да ставите помалку украси во домот и да му дадете предност на минималистичкиот стил.
Празни, бели ѕидови
Не треба да претерувате со сликите и украсите, но не треба и да ги оставите ѕидовите празни.
Внимателно одбраните украси за ѕид ќе ја направат просторијата многу поудобна.
Масовно произведени слики
Избегнувајте ги постерите, сликите и украсите за ѕид што се произведуваат масовно и што ги има во сечиј дом.
Вашиот дом ќе изгледа многу подобро со уникатни дела и украси кои ќе му дадат и ваш личен печат.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





