10 застарени трендови за уредување кои е најдобро да ги избегнувате
Тепих со погрешна големина
Не треба да давате многу пари за тепих, но мора да обрнете внимание на димензиите.
Кога станува збор за тепих во дневната соба, препорачливо е да биде доволно голем за да го исполни целиот простор помеѓу гарнитурата и масата, но не и речиси цела просторија.
Премногу измешани стилови и бои
Домот ќе изгледа многу подобро, па и полуксузно ако се држите до еден стил и комбинација од само неколку бои.
Детски играчки
Нормално, ако имате мало дете, низ домот секако дека ќе имате многу играчки, неретко расфрлани на подот.
Но кога станува збор за декор, немојте да ги користите играчките како декорација во дневната или другите простории, освен собата на детето.
Залепени слики и постери
Сликите и постерите ќе изгледаат многу подобро ако ги врамите.
Безброј принтови
Најдобро избегнувајте ги многу шарените тапети и принтовите за поголемите предмети во домот.
Тие го затвораат просторот и најчесто само изгледаат „кич“ и застарено.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





