Трендови за уредување на стилски дом што доминираат оваа деценија
Природни материјали, но и дезени инспирирани од 20-тиот век - трендови за уредување на домот кои доминираат оваа деценија, а изгледаат навистина стилски.
Како модните трендови, постојано се менуваат и трендовите за уредување. Некои се хит само краток период, но некои навистина го издржуваат тестот на времето.
Бидејќи веројатно не сакате постојано да реновирате, погледнете кои се трендовите за уредување што дефинитивно ќе владеат до крајот на оваа деценија:
Винтиџ столбови и лакови
Ако планирате темелно да го промените изгледот на домот, тогаш дајте им шанса на винтиџ столбовите и лаковите.
Со оваа промена во домот ќе ви се чини како да живеете во ново место.
Овој тренд е одличен за оние кои не можат да се одлучат дали сакаат поголем отворен простор во домот или сакаат повеќе простории одделени со врати.
Подови исполнети со детали
До пред некое време вистински хит беа празните подови, без разлика дали е паркет или ламинат. Но, просторијата ќе изгледа многу подобро ако го исполните и подот.
Одберете тепих со интересен дезен, наредете перници на земјата, купете неколку черги… идеи има безброј.
Природни елементи
Ако направите комбинација од модерни и природни елементи, резултатот ќе ве остави без зборови.
Можете да го направите просторот практичен и функционален користејќи нови технологии, а да го подобрите изгледот на собата со природни елементи како, на пример, дрво.